20170527_2_23914789_22572259_Web (Copy)

Турција: Во сообраќајна несреќа загинаа осум лица

АНКАРА (АА) – На патот Кастамону-Анкара, во градчето Калеџик во Турција, се случи сообраќајна несреќа во која загинаа 8 лица, додека 34 се повредени откако се преврте патнички автобус, јавува Anadolu Agency (AA)

Според соопштеното, патничкиот автобус околу полноќ тргнал од турскиот град Кастамону кон Анкара. Во околу 6 часот науотро шоферот ја изгубил контролата, и автобусот излетал од патот.

Осум лица го загубија својот живот во несреќата, а 34 лица се повредени, од кои 11 потешко. Повредените со возила на брза помош се однесени во болниците во Кириккале и Анкара.

Според првичните информации, четири загинати во несреќата се идентификувани, а сеуште процедурата за идентификување на другите загинати.

Од друга страна, во соопштението на гувернерството на Анкара се наведува дека несреќата се случила бидејќи шоферот заспал, и се вели дека е започната истрага за случајот.

20170527_2_23914789_22572259_Web (Copy) 20170527_2_23914789_22572260_Web (Copy) 20170527_2_23914789_22572261_Web (Copy) 20170527_2_23914789_22572262_Web (Copy)

 

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


2 × nine =

%d bloggers like this: