20170527_2_23914825_22572365_Web (Copy)

Турција: Во сообраќајна несреќа загинаа осум лица

КАБУЛ (АА) – Во самоубиствен напад со автомобил во авганистанската покраина Кхост убиени се најмалку 18 лица на првиот ден на избраниот месец Рамазан, јавува Anadolu Agency (AA).

Локалното население за АА изјави дека мета на напаѓачот бил конвој на авганистанските безбедносни сили во Кхост сити, главниот град на покраината.

Наџиб Даниш, портпаролот на Министерството за внатрешни работи на профилот на Твитер објави дека 18 цивили починале, додека шестмина се повредени, меѓу кои и две деца. Не е јасно колку во нападот се убиени цивили, а колку припадници на безбедносните сили.

Мухамедин Мохамади, шефот на покраинската Канцеларија за јавно здравство за АА изјави дека најмалку едно лице меѓу повредените било во критична состојба.

Првиот ден на Рамазан е воедно и државен празник во Авганистан. Со јасно кршење на повикот на мисијата на ОН за помош на Авганистан  (UNAMA) на прекин на огнот за време на Рамазан, талибанците вчера објавија дека ќе ги засилат нападите за време на месецот на постот.

20170527_2_23914825_22572363_Web (Copy) 20170527_2_23914825_22572364_Web (Copy) 20170527_2_23914825_22572365_Web (Copy)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


9 − = zero

%d bloggers like this: