putin-erdogan

Путин му честиташе на Ердоган на повторното доаѓање на чело на АК Партијата

ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин денес извршија телефонски разговор, јавува Anadolu Agency (AA).

Според сознанијата на АА од извори блиски на Канцеларијата на претседателот на Турција, Путин му честиташе на Ердоган по повод неговото стапување на чело на Партијата за правда и развој (АК Партија).

Ердоган и Путин исто така зборуваа и за што побрзо преземање на чекори за унапредување на руско-турските односи, и за ситуацијата во Сирија.

Нагласено е дека формирањето на „зона без судири” во Сирија ќе придонесе за решавање на прашањата во оваа земја.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


two × = 16

%d bloggers like this: