20170527084848_40725

МУСЛИМАНИТЕ КЛАЊААТ ВО ПОДРУМИ: Атина единствена европска престолнина без џамија

Муслиманите во главниот град на Грција Атина, како и во повеќето други градови во светот, синоќа ја клањаа првата теравија намаз од почетокот на овогодинешниот мубарек месец Рамазан.

Сепак, муслиманите во овој град, првата теравија намаз ја клањаа во гаражи и подруми на згради бидејќи моментално во Атина нема џамија.

Атина е единствена европска престолнина која сеуште нема џамија.

Теравија намаз е намаз кој муслиманите единствено го извршуваат исклучиво во текот на месец рамазан.

Инаку, во Грција, од околу 10,8 милиони жители, муслимани ги има околу 350.000

(TBT, AA)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− three = 6

%d bloggers like this: