Više stotina ljudi klanjalo džumu kod porušenog objekta Islamske zajedice Srbije

Рамазански теравии покрај срушени џамии

Пишува: Ivan Ejub Kostić

Џамијата во Земун Поље срушена е. Начинот на кој е срушена јасно упатува на тоа дека владејачката структура на Србија било до тоа сега изградениот објект во целост онеспособи со што муслиманите на ова населба не би можеле истата да ја користат во иднина за своите верски обреди.

При тоа, џамијата е урната по сценарио кое досега сме имале можност минатата година да го видиме во Херцеговачката улица, со таа разлика што сега починителите на овој гнасен чин не се криеја зад фантомки, туку истото го спроведија на дело со отворена подршка на сили сили на жандармеријата.

Меѓутоа, се поставува прашањето дали ваквиот чин на српскиот режим би требало некого да го зачуди? Да се даде одговор на ова прашање од повеќе е излишно. Бидејќи секој кој има паметење кое добро го служи, јасно се сеќава на мрачните, клеро-нацистички мината на оние луѓе кои денес ја представуваат власта во Србија.
Рехабилитација на ноторниот злосторник

Денес под власт на истите тие мрачни типуси не само што се урна џамијата која се наоѓа во предоминантното ромско население и чија изградба со голема мака ја спроведе во дело најзагрозениот дел на српското население, туку пред судот се рехабилитира и ноторниот злосторник и  осведочениот соработник на нацистичкиот режим – четничкиот војвода Никола Калабиќ.

Калабиќ е воен пајтос и брат  по “војводство“ со Павле Ѓуришиќ, човек кој во 1943 година потпиша писмо во кое го известува Врховниот командант за успехот на акцијата  во пљевља, чајниче и фоча, во кои четничките сили “успешно“ спровеле акција која според неговите зборови, резултирала со “ целосно уништување на муслиманските суштества, без оглед на нивниот пол и година на старост“, притоа усмртувајќи 1.200 борци и 8.000 “ останати жртви: жени, старци и деца“.

Ова “престижна“ титула на војводство, која се негува од колено на колено кај српските клеро-фашисти, во текот на војните од деведесетите години прво го завреднаа политички и идејниот таткото на денешниот српски/претседал Воислав Шешељ, а потоа и донеодамнешниот претседател на Србија Томислав Николиќ.

Што се однесува, подолу, тој успеа, на местотот на изградбата на мостот со б изарен назив “Братољуб“, повторно и без малку двоумеење, јавно да изнесе своите ставови за спојување на ентитетот на БиХ, Република Српска со Србија, со што по кој знае пат од место на функционер директно се удри на суверенитетот и интегритетот на соседната држава, што јасно покажува дека своите идеи и претензии кои ги гаел во текот на војните во деведесетите, кога Дрина била натопена со крв, не ја остави зад себе, туку со неа истрајува и истите ги гледа како ултимативна цел на српската политика.

Урад врз сопствената заедница

Од тука, кога ќе се земаат во обзир идеолошките темели на спрските “напредњаци“’, кои своите основи ги пронаоѓаат во идеологијата на Мољевиќ, фактот џамијата да се урне во ист ден кода ни доаѓа информацијата за рехабилитација на Калабиќ и повторното збратимување и “прегрнување“ на Србите од двете страни на Дрина не би смеело никого да го зачудува.

Меѓутоа, освен наведеното, она што моментално представува можеби и значаен проблем, представуваат реакциите на муслиманите во Србија откако џамијата во Земун Поле е срушена. Сите тие, без исклучоци, ова немила прилика ја искористија да се пресметуваат и стекнуваат политички поени, критикувајќи ја не само власта на која сите одред се обидуваат колку е тоа можно кукавички да и` се додворат на “противничката“ страна во внатрешноста на сопствената заедница.

Така, белградскиот муфрија Мустафа еф.Јусуфспахиќ не ја пропушти можноста да напомене дека власта не направила ништо да ја сруши зградата која ја зида Исламската заедница во Србија.  На Енес Имамовиќ, пред Партијата за демократска акција, во својата изјава главна грижа му била Бошњачката демократска заедница, на што по автоматизам, Јехја Фехратовиќ едвај дочекал исклучитечно да одреагира.

Во сличен манир на обвинување на сметка на локалните политички противници во своето соопштение изнела и Санџачката демократска партија на Расим Лајиќ, додека муфтијата Дудиќ не посегнал за директна пресметка со другата Исламака заедница, туку акцентот првенствено го ставил на републичките органи да се реши проблемот на “единството“ со Исламската заедница, се разбира алудирајќи дека мир и просперитет за муслиманите во Србија нема ако тоа прашање не се реши во интерес на “ Богомдане“ заедница чиј лидер е тој.

Ретроградна и корумпирана клика

Зради тоа, освен фактот дека со државата владее ретроградна и корумпирана клика на пајтоси која на политиката пристигнала преку етничката, националната и верската нетрпеливост, длабоката разаединетост и поделеност на муслиманите во Србија останува нивни пресуден камен на сопнување. Бидејќи колку и да се српските власти непријателски настроени спрема муслиманите, тоа никако не може да биде оправдување за тоа што веќе со децении не постои елементарен консензус и план помеѓу главните политички, верски и социјални актери на муслиманите во Србија како и тоа на кој начин мораат да ги заштитат нивните права.

Додека не се случи такво нешто, муслиманите во Србија тешко е дека ќе можат да очекуваат да ефикасно влијаат на политичкиот живот и социјалните процеси во државата, заради што можеме и понатаму да очекуваме дека рамазанските теравии ќе ги клањаме по улици, покрај урнати џамии.

Извор:: Al Jazeera




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ 2 = six

%d bloggers like this: