мосул

КРАЈ НА БИТКАТА ЗА МОСУЛ: Ирачките сили нападнаа подрачје со 250.000 цивили

Ирачките сили покренаа офанзива на неколку фронтови заради заземање на пследниот кварт на градот Мосул, кој го држи така наречената ’Исламска држава’, објави денес оперативната команда која ги координира бробите против ИС во Ирак.

“Вооружените сили го нападнаа квартот ал-Шифа…. сојузната полиција го нападна квартот Зинџил, а противтерористичките сили квартот ал-Саха ал-Ула, пишува во соопштението главната оперативна команда.

Џихадистите држат околу 250.000 цивили како “човечки штит“

Овие три квартови се наоѓаат северно од стариот град, а ги сочинуваат тесни улички со густо населување каде џихадистите како “човечки штит“ држат приближно 250.000 цивили, според хуманитарните активисти и организациите за човекови права.

Мосул е најголем град на северот на Ирак и истиот во 2014 година падна во рацете на сунитските муслимански борци. ИСИС изгубил поголем дел од градот од почетокот на офанзивата на ирачките сили во октомври минатата година и сега се наоѓа во опкружување во северозападните квартови, вклучувајќи го и историскиот стар град.

 





Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


three + = 6

%d bloggers like this: