DA2yka8UAAIREfV

ТЕЛ АВИВ: За мир со Палестинците протестирале 10.000 луѓе

Повеќе од 10.000 луѓе синоќа протестирале во Тел Авив во знак на подршка на решението за повеќедеценискиот судир со Палестинците по моделот на две држави.

Израелските медиуми пренесуваат дека на демонстрациите е прочитана порака на палестинскиот претседател Махмуд Абас: “ Нема посилен глас од праведниот глас и сеопфатниот мир, како што нема ниту посилен глас за право на народот за самоопределување и ослободување од времена окупација.

- Дојде времето и ние да живееме во мир, хармонија, безбедност и стабилност. Единствен начин да прекинат судирите и да се бори против теророт во регионот и целиот свет е ршението на две држави, засновано на границите од 1967 година. Палестина со Израел – порачал Абас.

“Ние ги прифативме одлуките на ОН, признавме Израел и прифативме дводржавното решение и светот ја призна Палестина како држава. Сега дојде време за државата Израел да ја признае нашата држава и прекине окупацијата. Можност сеуште постои и таа не смее да се пропушти кога нашете раце се пружени во мир кој е створен помеѓу оние кои се храбри“, се додава во пораката.

Лидерот на израелската опозиција од Лабуристичката партија Јицак Херцог на демонстрациите го обвинил премиерот Бенјамин Нетанјаху дека минатата година ја пропуштил можноста за напредок во мировниот процес.

Херцог исто така се осврнал и на минатонеделната посета на претседателот на САД Доналд Трамп, изјавувајќи дека се забележало дека Трамп е “одлучен да донесе мир“.дека го “разбира она што неговите претходници не го разбирале“.

 

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


5 × = thirty five

%d bloggers like this: