20170528_2_23928186_22603789_Web (Copy)

(Обновено) ФОТО: Израелци излегоа на улиците за поддршка на формирање палестинска држава

ТЕЛ АВИВ (АА) – По повод 50. годишнина од окупирањето на Источен Ерусалим илјадници Изралеци се собраа на плоштадот „Рабин“ во израелскиот главен град, Тел Авив, и протестираа во знак на поддршка за формирање на палестинската држава, јавува Anadolu Agency (AA).

20170528_2_23928186_22603794_Web (Copy)

На демонстрациите на кои учествуваа невладините организации како „Peace Now“ и други израелски невладини органзации, како и некои левичарски политички партии, се протестираше против изралеската влада предводена од страна на Бенјамин Нетанјаху и против израелскиот однос кон Палестинците.

- „Се претворивме во една држава која со сила владее врз луѓето“ -

„Пред 50 години за евреите бевме една демократска земја, после 50 години се претворивме во една држава која со сила владее над луѓето. Денес на ова ќе ставиме точка. Денес како државјани на Израел ќе станеме на нозе за една демократска израелска држава. Денес, тука, прогласуваме борба за обезбедување на нашата иднина во една еврејска и демократска земја“, истакна во својот говор на протестите претседателот на „Peace Now“, Ави Бускила.

Од друга страна, претседателот на Заедничката арапска листа во израелскиот Парламент (Кнесет), Ејмен Авде во својот говор го пренесе поздравот и ја прочита пораката за мир на претседателот на Палестина.

Авде во изјавата за АА посочи дека окупацијата ќе заврши со две главни елементи. „Едниот (елемент) е борбата на народот изложен на окупација, вториот е притисокот на јавноста врз државата која врши окупација. Ако во Тел Авив десетици илјади луѓе излегуваат на плоштади против окупацијата, од тоа се подразбира притисокот на јавноста врз државата која врши окупација. Ние му даваме важност на вториот елемент. И ние треба да учествуваме и да дадеме поддршка во тоа. Така што мнозинството во Израел ќе биде против Нетанјаху, ќе ја заврши окупацијата и ќе води кон формирање на палестиска држава“, истакна Авде.

Демонстрациите завршија со говори и извикување мировни пароли, а потоа се одржа и концерт.

Источен Ерусалим и Западниот Брег од 1967 година се под окупација на Израел. Во Источен Ерусалим се наоѓаат над 200.000 еврејски доселеници, додека во Западнит Брег над 400.000. Според меѓународното право сите еврејски населби населени со еврејски доселеници се сметаат како илегални.

20170528_2_23928186_22603787_Web (Copy) 20170528_2_23928186_22603788_Web (Copy) 20170528_2_23928186_22603789_Web (Copy) 20170528_2_23928186_22603790_Web (Copy) 20170528_2_23928186_22603791_Web (Copy) 20170528_2_23928186_22603792_Web (Copy) 20170528_2_23928186_22603793_Web (Copy)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


8 + = twelve

%d bloggers like this: