Муслиманите во Москва го дочекаа првиот ифтар

(Видео) Муслиманите во Москва го дочекаа првиот ифтар

Муслиманите ширум светот, вклучувајќи ги и САД, Русија, Турција, Сирија, Кина, Украина и Франција го дочекаа првиот ифтар овогодишниов месец на постот, Рамазан, јавува  Anadolu Agency (AA).

20170528_2_23930123_22607789_Web (Copy)

 

Припадниците на исламската вероисповед во Вашингтон имаа можност првиот пост да го завршат со заеднички ифтар во американскиот центар Дијанет (DCA).

На првиот ифтар во центарот се собраа над 500 луѓе.

Заеднички ифтар е организиран и во Москва, поточно во Паркот на победата, каде што е подигнат ифтарски шатор, а ифтарот го дочекаа заедно неколку стотици муслимани во Москва.

Првиот овогодишен заеднички ифтар во Истанбул, на плоштадот Султанахмет, со звук на топ го дочекаа околу 30.000 лица.

Организатор на ифтарот е општина Фатих, а градоначалникот на општината, Мустафа Демир, изјави дека на ифтарот присуствувале и луѓе од другите делови на светот.

Демир во таа пригода потсети дека сите луѓе во исламот се еднакви, без оглед на социјалниот статус.

Првиот овогодишен ифтар го дочекаа илјадници постачи во бегалските кампови во сирискиот град Азаз.

Ифтарот го дочекаа и муслиманите во Јапонија, Кина, Индонезија, Украина, Бугарија, Македонија, Украина и во Франција.

Голем број муслимани ширум светот по ифтарот ја извршија молитвата терави намаз, а потоа во кругот на семејството и пријателите, па дури и на отворено, го дочекаа суфурот и утринската молитва.

Муслиманите во Москва го дочекаа првиот ифтар  Муслиманите во Москва го дочекаа првиот ифтар Муслиманите во Москва го дочекаа првиот ифтар

 

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− three = 3

%d bloggers like this: