1000_149598538620170528_2_23933788_22614611

Турција: Се преврте минибус со туристи повредени три особи

Во несреќата до која дошло кога минибус се превртел во близина на местото Асеки, кое припаѓа на турскиот град Анталија, повредени се три особи.

Возачот на минибусот Мустафа Ујар (28), превезувал руски туристи од Кападокија во Аланија, а се превртел во близина на населбата Јарпуз на патот Асека-Сејдисехир, пренесува Анадолија.

На местото на несреќата биле упатени екипи на итна  помош каде повредени се три особи и истите превезени во најблиската болница во Сејдисехир. Останатите патници превезени се во хотел во Аланија. Повредените особи не се во животна опасност.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


8 × one =

%d bloggers like this: