mehmed-istanbul

29 мај 564 годишнина од освојувањето на Истанбул

Денес се навршуваат точно 564 години од освојувањето на Истанбул од страна на османлискиот султан Мехмед 2.

29 мај 564 годишнина од освојувањето на Истанбул

Османлиската империја својата експанзија ја започна фактички со освојувањето на византиските територии,поточно со освојувањето на Истанбул, тогашен Константинопол. Со освојувачките походи на османлиските војски првин во Анадолија а потоа и во Румелија големата Византиска империја се сведе само на еден град држава -Истанбул.

Во 1453 година османлискиот султан Мехмед  2. дојде до сознание дека Истанбул како град на Византија претставува опасност за османлиската држава и реши конечно да ја освои и последната византиска тврдина.

Со силна и голема војска Мехмед 2. го опсади Истанбул.Опсадата беше долготрајна, но заврши со освојување од страна на Турците Османлии предводени од султанот Мехмед 2. кој подоцна го доби надимакот Фатих-Освојувачот, благодарение на надмоќта на турската војска но и на огромните топови кои ги рушеа неговите вековни ѕидини.

Конечно на 29 мај истата 1453 година Истанбул падна во рацете на младиот султан Мехмед 2. . Истанбул после освојувањето стана новата престолнина на османлиската држава.

Падот на Истанбул воедно претставува почеткот на Новата ера во дотогашната историја.Тоа беше време на крајот на средниот и почетокот на новиот век.Тоа исто така беше период на Реформи и Ренесанса во западното општество.

Izvor:trt





Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


six + = 11

%d bloggers like this: