A technician works on a German Tornado jet at the air base in Incirlik

Германија наскоро одлучува за повлекување од Турција

Официјален Берлин во наредните денови ќе одлучува за тоа дали своите трупи ќе ги повлече од базата Инџирлик, изјавил неименуван представник на германското Министерство за надворешни работи, јавуваат светските агенции.

“Сеуште водиме резговори со турската страна за Инџирлик и ќе работиме на постигнување на решение до средината на јуни“ изјавил тој представник, а пренесува агенцијата Ројтерс.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во средата изјави дека Турција на Германија ќе и` каже “догледање“ доколку Берлин одлучу да ги повлече своите трупи од базата Инџирлик.

Забрана на посети

Тој, во текот на летото за Брисел, каде присуствувал на самитот на Северноатлантската алијанса, тој исто така истакнал дека Турција не добила никаква информација од Берлин за можното повлекување на трупите стационирани во воздушната база на југот на Турција.

Иднината на германските трупи во Инџирлик доведена е во прашање откако Турција ги спречи германските парламентарци овој месец да ги посетат војниците,со што Берлин бил доведен да ја разгледа можноста од повлекување.

Во таа база се наоѓаат приближно 250 германски војници кои им помагаат на Соединетите Американски Држави во борбата против вооружените групи на ’Исламската Држава Ирак и Левент’.

 

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× nine = 81

%d bloggers like this: