nasilstvo-sobranie-1

Српско-руски шпионски игри за „македонско сценарио“ – кој сака криза?

Новинарот и член на парламентот на Република Србија Мирослав Лазански заедно со Горан Живалевиќ, припадник на српските тајни служби и Иван Стоилковиќ, пратеник во македонскиот парламент, спроведувале медиумска пропаганда во Србија и Македонија во интерес на српските разузнавачки служби, на линија со руските интереси на континентот и со крајна цел влијание врз политичките состојби во Македонија и спречување на евроатлантските перспективи на земјата и регионот. За ова акција долго време знаеле и македонските служби, но за истите не се преземало ништо, а дел од актерите во оваа приказна учествувале и во безредијата во парламентот, додека во меѓувреме остварувале средби со високи функционери и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, пишува НОВА.

Новинарот политичар

Мирослав Лазански е долгогодишен новинар кого медиумите во кои работи го опишуваат како „воено политички коментарот“. Од 2016 тој е и пратеник во српскиот парламент како дел од пратеничката група на владејачката партија СНС водена од претседателот Александар Вучиќ. Но политичката и новинарската кариера продолжуваат паралелно. Тој има своја емисија на државниот канал и постојано пишува колумни и репортажи. Од неговите продукти, во последните неколку месеци во екот на македонската политичка криза Лазански се занимава со Македонија, дознаваат НОВА ТВ и КРИК.

Извори на НОВАТВ инволвирани во следењето на безбедносните ризици по Македонија, посочуваат дека пратеникот Иван Стоиљковиќ бил во редовна комуникација со српскиот државјанин, офицер на БИА и дипломат Горан Живаљевиќ, а двајцата преку Мирослав Лазански ја спроведувале медиумската пропаганда непосредно пред крвавите настани во македонскиот парламент.

Информациите говорат дека припадникот на српската тајна служба БИА, Горан Живаљевиќ, во март оваа година разговарал со Иван Стоиљковиќ, пратеник, коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Демократската партија на Србите. Стоиљковиќ и Живалевиќ му биле домаќини на српскиот новинар и пратеник Мирослав Лазански и преку него ја насочувале српската пропагандна машинерија во функција на активности со потенцијал да ја дестабилизација на Македонија.

Информациите до кои дојдовме посочуваат дека Лазански имал средби со Груевски во март годинава, еден ден пред да биде објавена неговата колумна во српскиот весник „Политика“ со наслов „Не ја даваме Македонија“ за којашто бил насочуван од Стоиљковиќ и Живаљевиќ. Во неа авторот јасно се става на страната на Груевски и соопштува дека „излезот за кризата во Македонија се нови избори“, што впрочем е и формалното партиско барање на ВМРО-ДПМНЕ од стратот на истата. Текстот е негативен за Заев, Европската унија и САД кои што Лазански ги терети како креатори на кризата и сили кои стојат зад сценариото за федерализирање на Македонија и создавање Голема Албанија. Следниот ден оваа колумна е реобјавена во десетина македонски медиуми под контрола на ВМРО-ДПМНЕ. Ова не е единствениот ваков текст. НОВАТВ идентификуваше речиси педесетина авторски текстови, интервјуа за телевизии, колумни на Лазански од почетокот на оваа година каде што секаде се повторувааат овие тези како и тезата дека ако Заев прави влада ќе има војна.

Лазански за КРИК и НОВАТВ потврди дека на почетокот на март бил во Скопје и се среќавал со Живаљевиќ и Стоилковиќ.

„Јас ниту сум служба, ниту сум портпарол на служба, јас дојдов доле како новинар, а не како народен пратеник. Како новинар на „Политика“ и како некој кој прави радио прилози за телевизија. Во новинарската кариера сум имал контакти со шефови на големи разузнавачки агенции како КГБ и ЦИА, британската, француската служба, германската“, вели тој. “Мојот обичај е кога ќе дојдам во некоја странска земја да се јавам во нашата амбасада. Господинот Живаљевиќ е уредно и легално акредитиран претставник на нашата БИА “.

Според информациите на НОВА ТВ Живаљевиќ и Стоиљковиќ биле оние кои ги организирале брифинзите, интервјуата и темите за Лазански. Овие активности и врските на македонскиот пратеник со српските разузнавачки служби биле „со цел да се влијае преку медиумска пропаганда врз дестабилизација на Македонија и долго време им биле познати и на македонските служби“, како што вели изворот.

Македонската врска и српската служба

Горан Живаљевиќ – долго време беше познат само во разузнавачките служби на Балканот, но излезе од анонимноста по крвавите протести во Собранието на 27. април. Разузнавачот на БИА, акредитиран како дипломат во српската амбасада во Скопје, со само едно селфи во Парламентот на крвавиот четврток ја разоткри целата македонско-српско-руска шема која роварела во земјава затскриена зад превезот на политичари, бизнисмени, новинари, разузнавачи и луѓе од подземјето.

Информациите укажуваат на тоа дека човек од доверба и најверен соработник на Живаљевиќ во Македонија е пратеникот од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и лидер на Демократската партија на Србите, Иван Стоиљковиќ.

Комуникацијата меѓу нив траела подолго време, а средбите се интензивирале во моменти на значајни политички и безбедносни настани во Македонија. Последниот таков настан е 27. април кога се случија насилните протести во Собранието, на кои според информациите на НОВА им претходела интензивна активност на сите соработници на Живаљевиќ во земјава.

Дневната работа на Живаљевиќ е во српската амбасада како офицер за врски со УБК и АР, но мисијата ја утврдува БИА. Присуството на Горан Живаљевиќ во Македонија е задача од страна на српската разузнавачка агенција БИА со цел да ја дестабилизира Македонија, а делувал преку пратеникот и претседател на српската демократска странка Иван Стоилковиќ и член на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Неговото присуство во Македонија од страна на полицијата било забележано уште пролетта 2015 кога тој и други припандици на БИА доаѓале во Македонија на протестите на Шарената револуција. Во тоа време Живаљевиќ се уште не е акредитиран во српската амбасада во Македонија. Комуникацијата помеѓу Живаљевиќ и Стоиљковиќ имала длабоки корени во минатото.

„Живаљевиќ има цела мрежа на контакти со македонски бизнисмени, новинари, политичари и припадници на АР и УБК. Нивната соработка, а особено онаа со Стоиљковиќ, се интензивира во екот на политичката криза во Македонија по изборите во декември 2016“, вели изворот којшто своите тврдења пред новинарите ги поткрепи со факти.

„Стоиљковиќ и Живаљевиќ се среќаат интензивно во изминатите две години и во Скопје и во Белград каде што Стоиљковиќ се среќава и со лица блиски до Живаљевиќ, високи спрски функционери, агенти на БИА, луѓе од подземјето и бизнисмени. Негоите активности укажуваат и на сериозни и длабоки врски со БИА, но и сомнежи за контакти со руските тајни служби и политички кругови. Тој човек јасно е инструиран како да делува во Македонија согласно српските интереси“, вели изворот.

Целиот текст на НОВА на следниот линк.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


three × 4 =

%d bloggers like this: