20170530_2_23962758_22666951_Web (Copy)

(Фото/Видео) Ердоган: Направивме најголеми чекори во однос на правата и слободите во модерна Турција

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес во Анкара порача дека оние земји кои нема да сакаат да ги испорачаат припадниците на ФЕТО, не треба да очекуваат од Турција утре да испорача некој кој ним ќе им треба, јавува Anadolu Agency (AA).

Ердоган денес говореше на редовниот состанок на парламентарната група на Партијата на правдата и развојот (АК Parti) во Анкара, што е негово прво обраќање од ова место откако повторно стапи на чело на партијата.

20170530_2_23962758_22666950_Web (Copy)

„Последен пат во оваа сала бевме заедно на 22 јули, 2014 година. Морам да кажам дека сум многу среќен што денес, 34 месеци подоцна, или поточно 1.044 дена, сум повторно со вас“, рече Ердоган.Турскиот претседател во своето обраќање се осврна на борбата против терористичката организација ФЕТО, која е одговорна за обидот за државен удар во оваа земја, во јули минатата година.

„Сакам да им порачам на земјите кои денес ги штитат припадниците на ФЕТО, ‘што уште ви треба, еве ги и судските пресуди во врска со овие луѓе’. Веќе не е важно дали ќе го сторат или не она што треба. Јас одовде им порачувам. Ако не помогнете кога е во прашање нивното (припадниците на ФЕТО) испорачување, знајте дека утре кога ќе барате некој кој е во наши раце, нема да може да го земете. Во тоа бидете сигурни“, порача Ердоган.

Осврнувајќи се и на она што Партијата АК досега го има направено, Ердоган рече дека најхрабрите, најнапредните, најсеопфатните и најефикасните промени од основањето на модерна Турција се случиле токму за време на владеењето на таа партија.

Истакна дека се направени значителни чекори по прашањето на правата и слободите на граѓаните на оваа земја.

„Им се обраќам на оние кои се нарекуваат себеси револуционери. Кој од вас направи чекори кои ги направи Партијата АК по прашањето на правата и слободите? На партиите не им го дадовте правото да делуваат. Иако имавме мнозинство во парламентот, се обидовте да нѐ угасите“, рече Ердоган, и додаде:

„Исто така, кога станува збор за облекување, зар не бевте вие оние што ги бркавте нашите деца од вратите на нашите универзитети? Зарем не сте вие оние поради кои нашите мајки плачеа на училишните врати? Каде се слободите за кои говорите? Зарем не сте вие оние кои нашите жени ги делевте на покриени и на непокриени? Каде е тука правото на образование, слободата на верување и мислење? Сѐ додека предизвикувате непријателство меѓу припадниците на овој народ, тие нема да ви дозволат да дојдете на власт”.

20170530_2_23962758_22666957_Web (Copy)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ four = 10

%d bloggers like this: