20170530_2_23958860_22659163_Web (Copy)

(Видео) Нова експлозија во центарот на Багдад, загинаа 8 лица

БАГДАД (АА) – Најмалку осум лица загинаа, а 11 се повредени во силната експлозија што утринава се случи во центарот на ирачкиот град Багдад, во кој синоќа се случи уште еден смртоносен бомбашки напад, јавува Anadolu Agency (AA).

20170530_2_23958860_22659160_Web (Copy)

Полициските служби за АА потврдија дека со далечински управувач е активиран автомобилот-бомба, кој бил паркиран во градската чаршија, во непосредна близина на мостот Шухенда во центарот на Багдад.

Според првичните информации, во експлозијата загинаа најмалку осум, а ранети се 11 лица.

И синоќа во квартот Крадах во центарот на Багдад беше извршен речиси идентичен напад во кој загинаа најмалку 11, а беа ранети 50 лица.

Одговорноста за синоќешниот напад ја презеде терористичката организација ДЕАШ, а се претспоставува дека и денешниот напад е извршен од истата терористичка мрежа.

Ирак е место на длабока политичка и безбедносна криза којашто ескалираше во летото 2014 година, кога терористите на ДЕАШ го зазедоа вториот најголем град во таа земја, Мосул, како и други области.

Покрај операциите за ослободување на тие градови, кои ги спроведуваат здружените ирачки сили, Багдад е место на чести терористички напади коишто продолжија и за Рамазан, месецот на муслиманите.

20170530_2_23958860_22659163_Web (Copy) 20170530_2_23958860_22659165_Web (Copy) 20170530_2_23958860_22659166_Web (Copy) 20170530_2_23958860_22659168_Web (Copy)

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


eight − 6 =

%d bloggers like this: