20170530_2_23967363_22674318_Web (Copy)

(Фото/Видео) Ердоган го прими Обрадовиќ и кошаркарите на Фенербахче

АНКАРА (АА) – Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, денес одржа прием за турскиот кошаркарски клуб Фенербахче, по повод освојувањето на титулата на Евролигата, јавува Anadolu Agency (AA).

20170530_2_23967363_22674320_Web (Copy)

На приемот во претседателската палата во Анкара присуствуваше и претседателот на Фенербахче, Азиз Јилдирим, тренерот на кошаркарскиот клуб Фенербахче Жељко Обрадовиќ, со кошаркарите. Средбата траеше околу 45 минути.

Кошаркарската екипа Фенербахче на 21 мај го победи тимот Олимпијакос во финалето од Првенството на Евролигата „Turkish Airlines” и ја освои првата титула во историјата на овој клуб.Фенербахче стана првиот турски тим на тронот на Евролигата, а до овој успех го доведе најуспешниот европски експерт, Обрадовиќ, кому ова му беше јубилеен 500. натпревар во кариерата во елитниот европски ранг и деветта титула шампион со петтиот клуб што го води.

20170530_2_23967363_22674311_Web (Copy) 20170530_2_23967363_22674312_Web (Copy) 20170530_2_23967363_22674314_Web (Copy) 20170530_2_23967363_22674316_Web (Copy) 20170530_2_23967363_22674317_Web (Copy) 20170530_2_23967363_22674318_Web (Copy) 20170530_2_23967363_22674319_Web (Copy)

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


nine + 4 =

%d bloggers like this: