ohridnevreme

(ФОТО) Силно невреме во Охрид: улиците – реки, шахтите – гејзери!?

Силен пороен дожд се истури вечерва, нешто после 18 часот, над Охрид.

Како што се гледа од фотографиите, кои ги објавуваме со дозвола на авторите, за десетина минути, дождот улиците ги претвори во реки, при што предизвика потешкотии во сообраќајот, но и сериозни проблеми за граѓаните кои живеат во пониските делови на градот.

Репортерите на Супер радио и OhridPress регистрираа високо ниво на вода на улиците.

Забележително беше дека мрежата не може да ја прими водата и беше забележително дека истата се враќа назад на коловозите.

Во стариот дел на градот, во најниските делови, угостителските објекти, од надојдената вода,се заштитуваа со вреќи.

Izvor: Iportal




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× 5 = twenty five

%d bloggers like this: