20170601_2_24005850_22744262_Web (Copy)

(Видео/Фото) При пад на хеликоптер загинаа 13 припадници на вооружените сили на Турција

Генералштабот на Вооружените сили на Турција повтрди дека во Ширнак, градот на југоисточниот дел на Турција, се урнал воен хеликоптер, јавува Anadolu Agency (AA).

„Според првите информации, хеликоптерот од типот AS 532 Cougar, кој полета од Командната бригада Шеноба, а во кој се наоѓале 13 припадници на вооружени сили, се урна откако удрил во жици од далековод. Добивме информација дека загинале сите припадници кои се наоѓале во хеликоптерот. Истрагата е во тек”, се наведува во соопштението.

Хеликоптерот кој летал од местото Шеноба, се урнал во населбата Улудере во Ширнак.

Во соопштението на Канцеларијата на гувернерот на Ширнак се наведува дека хеликоптерот се урнал само три минути по полетувањето.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


6 × = forty two

%d bloggers like this: