BREAKING NEWS
Search
IMG_7982 (Copy)

(Фото) Со фотографија до спомените за нашиот Подгорчанец Адем Муслиоски

Денешната изложба на фотографи која се оддржа во домот на културата во Струга, насловена како :” PHOTO EXHIBITION – IN THE FOOTSTEPS OF A. DEN DOOLARD , Struga 50 year ago”, не можеше а, да не ни го врати споменот на уште еден наш познат Подгорчанец, кој помеѓу бројните фотографии регистрирани од страна на објективите на холанѓаните, Marja Koopman, Fred Volpp, и Carlus Koopman, направени пред 50 години односно во периодот од некаде 1973,1974,и 1975 во при нивната посета на Охридско-Струшкиот регион, за еден наш  сограѓанин, соселанец, брат, роднина, комшија и добар пријател, Адем Муслиоски.

IMG_8023 (Copy)

Сигурно повеќето наши жители на Подгорци, го познаваат или им било пренесувано за човекот и покрај својот недостаток, сепак знаел  средината во која се наоѓал да ја направи веселе свирејќи на својата тамбура, и пеејќи стари наши традиционални песни кои и ден денес живеат.

Бил покануван на разни свечености, каде покажувал што умееле неговите прсти на тенките жици на гитарата, или како што тој ја нарекувал ’ тамбура’. Некои пак најмногу го паметат и по неговите песни кои секогаш ја одбележувале релацијата при патување од Подгорци кон Струга во нашите добро запаметени автобуси на Југотранс, секогаш во придружба со своите внуци, притоа истовремено држејќи се на својот инстикт во препознавање на луѓето со кои разговарал штом веднаш го слушнел нивниот глас.

За овој наш сега рахметли Подгорчанец има уште многу други работи кои оставил зад себе, како фотографии, така и регистрирани песни за кои подоцна како редакција на овој портал ќе се обидеме да Ви ги презентираме.

Во продолжение Ви ги претставуваме неколкуте фотографии на нашиот Адем кои ја разубувавија  денешната фото изложба, со неговите  фотографии кои нашле место од каде што уште еднаш ке нё потсетат и на него, дека и тој бил и живеел во нашиве населби.

Во прилог Ви пренесуваме и една негова преубава песна во изведба каква што тој знаел да ја направи односно испее и одсвири.

IMG_7977 (Copy) IMG_7979 (Copy) IMG_7981 (Copy) IMG_7982 (Copy)  IMG_7986 (Copy) IMG_8015 (Copy)IMG_7984 (Copy)

IMG_7972 (Copy) IMG_7975 (Copy) IMG_7976 (Copy) IMG_7992 (Copy) IMG_7993 (Copy) IMG_8011 (Copy) IMG_8016 (Copy) IMG_8020 (Copy) IMG_8022 (Copy)

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


9 × = seventy two

%d bloggers like this: