20170602_2_24019071_22771945_Web (Copy)

Ќахил: „Нашата соработка со Турција ќе ја доведеме на понапредно ниво“

СКОПЈЕ (АА) –  Аднан Ќахил, министер без ресор во новoформираната Влада на Македонија, кој е од турска етничка припадност, во разговор за Anadolu Agency (AA) истакна дека со Турција имаат соработка којашто датира од минатото, и оти оваа соработка ќе ја доведат на уште понапредно ниво.

20170602_2_24019071_22771948_Web (Copy)

Во разговорот, Ќахил  се осврна на неговиот избор за министер, соработката меѓу Турција и Македонија, како и за работите што ќе ги реализираат.

Ќахил, кој ќе ја врши функцијата министер без ресор, истакна дека со Турција имаат соработка која датира од минатото, и оти оваа соработка ќе ја доведат на уште понапредно ниво.

„Со Турција ќе работиме врз основа на принципи“, вели Ќахил, истакнувајќи дека поопсежно ќе ја развијат соработката со Турција, и како министер, и како коалиција, и заедно со премиерот.

Ќахил нагласи дека присуството на Турција во секоја област во Македонија е во полза и на Турците, и на сите народи кои живеат во земјата. „Ние, Турците, сме подготвени да бидеме како мост, и ќе продолжиме така“, вели Ќахил.

Тој потсети дека првиот договор за слободна трговија меѓу Македонија и Турција е потпишан во првото негово министерување, и пренесе дека покрај тоа, остварени се и голем број други договори, како во областа на трговијата, така и во акредитирање на дипломите.

Ќахил информираше дека во минатото овозможиле некои работи за Турците во државата, да бидат вработени на одредени места. „Нашата цел е да ја подигнеме положбата на Турците во Македонија на повисоко ниво. Тоа е право на Турците како државјани на Македонија. Се разбира дека ова не може да се оствари само со зборување, туку со работа“.

- „Нашиот пат е НАТО и ЕУ“

Од друга страна, Ќахил нагласи дека во активностите е што ги спроведуваат ја имаат поддршката на премиерот Зоран Заев. Тој посочи дека обидувајќи се оваа поддршка позитивно да ја искористат, ќе работат на тоа односите меѓу Турција и Македонија да се издигнат на едно повисоко ниво.

Ќахил се осврна и на процесот за членство на Македонија во Европската Унија (ЕУ) и во НАТО, и пренесе дека сакаат овој процес да се реализира во најкраток рок. Исто така, тој истакна дека тоа може да се реализираат само со работење.

Според него, потребно е да се подигне стандардот на граѓаните на Република Македонија, со што тие би имале поквалитетен живот.

„Нашиот пат е НАТО и ЕУ. Нѐ чека долг пат. Трчаме маратон – кој ќе издржи, ќе остане. Верувам дека Турција како голема земја, како татковина, како Турци, ќе ни дадат поддршка како и во минатото. Но за да ни даде поддршка, треба и ние да се потрудиме“, вели Ќахил.

- „Ќе им обезбедиме олеснување на странските инвеститори“

Меѓу другото, осврнувајќи се на перспективата и можностите за унапредување на односите со Турција од економски аспект, Ќахил вели дека потребно е да се поканат големите компании во земјата.

„Турција е голема држава. Турските компании многу лесно можат да дојдат до ЕУ преку Македонија. Треба да бидеме свесни за тоа. Ќе ги поканиме исто како и во минатото“, истакна Ќахил.

Министерот Ќахил посочи дека Македонија е мала земја, и оти грешка ќе биде доколку земјата се гледа само како македонски пазар. „Бидејќи тогаш сѐ е многу ограничено. Македонија има потпишано договор за слободна трговија со неколку земји како Бугарија, Украина и Турција. Не само за двомилионска држава, се работи за маса поголема од 100 милиони. Во секоја област има место, во секоја област постои желба, во секоја област постои потреба“, смета Ќахил.

 

Исто така, Ќахил истакна дека во минатиот период не им биле овозможени олеснувања на компаниите, но тие ќе овозможат олеснувања со цел компаниите да ги привлечат во Македонија, со што ќе доаѓаат инвеститори не само од Турција, туку и од Блискиот Исток, како и од други земји.

Ќахил додаде дека со напредокот на Македонија во процесот за членство во НАТО и ЕУ, повеќе инвеститори ќе вложуваат во земјата.

Од друга страна, тој се осврна и на состојбата на Турците во источна Македонија. „Видете ја состојбата во источна Македонија, во каква состојба живеат Турците. Помош не се дава само со испраќање моливи и тетратки, не се помага само со испраќање рамазански пакети, колку тоа и да е добро. Тоа може да биде нешто дополнително и тоа е добро, но тоа што е важно е ние да им обезбедиме постојано вработување. Ако обезбедиме вработување, можеме да ја спречиме миграцијата на Турците кои се наоѓаат таму. Во последно време, голем број луѓе мигрираат, вклучувајќи ги и Турците. Тие не мигрираат во Турција, туку во Европа. Затоа ги поканувам надлежните лица да дојдат за да поразговараме за овие теми“.

Аднан Ќахил е единствениот министер од турска етничка припадност во кабинетот на новоизбраната влада. Роден е во 1960 година во Скопје.

Ќахил е претседател на Партијата за движење на Турците (ТХП) во Македонија. Тој во периодот 1998 – 2002 година, како и во периодот 2006 – 2008 беше министер без ресор, а во периодот 2002 – 2006 година беше пратеник во Собранието на Република Македонија.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− one = 8

%d bloggers like this: