moskva

Русија ги укина трговските санкции кон Турција

АНКАРА (АА) – Русија денес ги укина трговските санкции кон Турција, кои беа поставени по соборувањето на рускиот воен авион во 2015 година, јавува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението на владата се вели дека рускиот премиер Дмитри Медведев потпишал декрет со кој ја укинува забраната за некои земјоделски производи и турските компании што работат во градежништвото, инженерството и туризмот.

Со денешната одлука, од листата на забранети производи се отстранети замрзнатите продукти од пилешко месо, други производи од живина, краставици, корнишони и свежо овошје, се вели во соопштението на владата.

Русија исто така ја укина забрана кон Турција за компаниите што работат во областа на изградба, дизајн, инжинеринг и туризам.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


three − 1 =

%d bloggers like this: