20170602_2_24026970_22790815_Web (Copy)

Авганистан: Безбедносните сили отворија оган врз демонстрантите, шестмина мртви

КАБУЛ (АА) – Најмалку шест лица загинаа откако авганистанските безбедносни сили отворија оган врз демонстрантите во Кабул, јавува Anadolu Agency (AA).

Во Кабул денес се одржаа протести на кои учествуваа неколку илјади граѓани, а се собраа во близина на Вазир Акбар Хан, кој пред два дена беше погоден од терористичкиот напад.

За време на протестот можеа да се чујат слогани како „Умрете предавници“, „Ешреф Гана и Абдула Абдула да поднесат оставка“, „Ние не сакаме неуспешна влада“, „Смрт за САД“.

Демонстрантите, кои исто така носеа транспаренти и државни знамиња на Авганистан, се обидоа да влезат во претседателската палата во Кабул, но следеше интервенцијата на безбедносните сили.

Бидејќи демонстрантите повторно се обидоа насилно да влезат во палатата, силите за безбедност отворија оган врз демонстрантите, при што загинаа шестмина, а беа повредени 10 лица.

20170602_2_24026970_22790808_Web (Copy) 20170602_2_24026970_22790815_Web (Copy) 20170602_2_24026970_22790816_Web (Copy) 20170602_2_24026970_22790825_Web (Copy) 20170602_2_24026970_22790828_Web (Copy) 20170602_2_24026970_22790829_Web (Copy) 20170602_2_24026970_22790831_Web (Copy)

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


1 + = seven

%d bloggers like this: