gruevski

Отворено писмо од Карапејовски до Груевски: Вие го испровоциравте нападот врз Тодоров

Поранешниот новинар Небојша Карапејовски испрати отворено писмо до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Неговото писмо ви го пренесуваме во целост:

„Почитуван господине Груевски,
Ова „почитуван“ и „господине“ се употребени со невиден цинизам и како такви читајте ги и во продолжението на текстот.

Го гледав Вашето патетично обраќање по обидот за убиство на господинот Тодоров. Се работи за чин што ниту го оправдувам, ниту е решение за сите злодела што претходно ги направи Вашиот режим. Но, знаете, дедото на малата Тамара не бил испровоциран од некаквиси „платени медиуми“, „платени невладини“ или „платеници од СДСМ“

Еве од што бил испровоциран и дедото на Тамара, и многу други дедовци, баби и родители, многу други луѓе кои со години гледаат како парите, наместо за лекување, наместо за подобра иднина на нивните деца им ги дававте на своите платеници.

Еве како на регионалната Телевизија Менада (денешна Ултра), чиј сопстевник е Вашиот пријател, еден од најголемите донатори на ВМРО-ДПМНЕ, Драги Митковски, која и тогаш и сега има рејтинг/гледаност 0 (со зборови: НУЛА), од парите што требаше да им ги дадете на сите деца што чекаа за својата судбина, за својот животот да решите Вие, од народните пари, им префрлате за кампањи на Владата, во рок од само СЕДУМ дена, безмалку 100 000 евра.

Бидејќи односниот господин е сопственик и на Телевизија О2 од Охрид, претпоставувам (а, тое е лесно да се утврди) дека сте го честеле уште речиси 100 000 евра од народот или пари за сите Тамари, чиј живот зависеше од Вашето менаџирање со нив.

Ете така го испровоциравте дедото на Тамара, и сите други родители, зашто САМО овие пари, само од оваа транша, ќе беа не само доволни туку и многу повеќе од тоа да спасите барем еден човечки живот. Ама, по Вашата логика, господине Груевски, многу повеќе беа потребни за задоволување на Вашата болна нарцисоидност да го лажете народот за Вашите успеси.

Жал ми е што овие документи едно лице блиско до Вас ми ги направи достапни само пред неколку недели, иако уште одамна требаше да ја видат светлината на денот.

Господине Груевски,
Сè што најдовте – испокрадовте. И јас сум еден од тие, но за тоа другпат.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− three = 4

%d bloggers like this: