20170603083531_84456

КАДЕ Е ЕДНОМИНУТНОТО МОЛЧЕЊЕ ЗА НИВ? Ова недела терористите во Кабул убија 90 луѓе

Мубарек месец рамазан е. Во вторникот посел долгиот ден на пост, ја молеше нејзината мајка да ја одведе на сладолед во познатата слаткарница Ал-Факма која се наоѓала во густиот кварт Каррада во дистриктот во Багдад. Меѓутоа она што започна како радосна семејна прошетка – заврши со изненадна трагедија.

Езанот беше заменет со силна детонација на улаица преполна со луѓе, каде беше активирана автомобил бомба. Додека стоеше во редот за сладолед 12-годишното девојче Зејнеб Ал Харибија, со уште 16 други свирепе беше убиена.

Веднаш слична бомба одекна и во камион во срецето на дипломатскиот кварт на Кабул- експлозијата представници ја опишаа како “земјотрес“, една од “ една од најголемите“ која го погодила овој град. Нјмалку 90 луѓе беа убиени а повеќе од 400 ранети.

За жртвите на последниот злосторнички покол на ИСИЛ нема ниту една мунита молчење. Ги нема описите  под фотографиите на социјалните мрежи како „Ja <3 Bagdad“ ниту хаштагот #JesuisKabul. Меѓутоа ужасите кои ги погодија двата овие града еднакви се како они кои неодамна се случија во Манчестер.

Последните неделни напади нё потестуваат дека повеќето жртви на ИСИЛ во стварност припаѓаат на една иста религија за она која тврдат ја представуваат. Важно е да се истакне дека повеќето муслимани не само што го осудуваат ИСИЛ, туку истото го пронаоѓаат и отценуваа како вистинско зверство.Тажна е иронијата што одредена група со најголем број на жртви на тероризмот често обвинува за тоа.

Во извештајот на американскиот Национален центар за борба против тероризмот стои: “ Во случаи каде религиската припадност на жртвите на тероризмот можела да се одредени, во изминатите 5 години од 82 до 97% станува збор за човечки жртви мешу муслиманите“. “Извештајот исто така наведува дека седум пати повеќе поголема е веројатноста дека жртви на тероризмот ќе бидат муслимани отколку немуслимани.

Според глобалниот индекс на тероризам, земја со најмногу погоден тероризам е мнозинско муслиманска, Ирак претрпе најмногу, а веднаш следуваат Авганистан, Нигерија, Пакиста и Сирија.

Минатиот петок Џереми Корбин го почувствува додирот после својата изјава за поврзаноста помеѓу “ војните кои нашата влада ги поддржувала или водела во други земји и тероризмот дома“.

Пред инвазијата на Ирак 2003 година, Британија во повеќе наврати ги отфрли предупредувањата на разузнувачките служби дека воената акција значително ќе го зголеми бројот на заканите од терористички групи на глобално ниво. Денес, таа реалност многу е тешко да се игнорира – како во Велика Британија така и пошироко.

Без оглед на вашиот став, необјаснувачките минатонеделни напади – од Манчестер до Кабул- го појаснија следното: мора да бидеме доволно храбри и признаеме дека војната против тероризмот едноставно не функционира. На Британската надворешна политика потребен и е паметен пристап.

(TBT, Independent)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


2 × six =

%d bloggers like this: