20170603_2_24042556_22828685_Web (Copy)

Ердоган: Во 2017 година економијата на Турција ќе направи историски скок

ИСТАНБУЛ (AA) – Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган денеска во Истанбул порача дека Турција во 2017. година ќе освари историски напредок, јавува Anadolu Agency (AA).

20170603_2_24042556_22828686_Web (Copy)

Ердоган се обрати на собирот на Здружението на независни индустријалци и бизнисмени на Турција (МУСИАД), кој е одржан во Конгресниот центар Халич во Истанбул, а во таа прилика се осврна на актуелните случувања.

Зборувајќи за борбата против тероризмот, Ердоган истакна дека во преговорите со САД и Русија дошле до одредена точка, која за Турција моментално значи набљудување.

„Ние моментално набљудуваме”, рече Ердоган.

Додаде дека САД претходно порачала дека може со ЈПГ да ја реши ситуацијата во Рака, што, како што рече, Турција му го препуштила на САД.

„Ние на сето тоа укажувавме во повеќе наврати и за тоа веќе нема потреба. Ние рековме, ‘Во ред, доколку вие сакате да го решите проблемот тогаш, Вие решете го тоа’. Но, во случај да дојде до било каква провокација од северот на Сирија кон нашата земја, ние потоа, ниту со било кој веќе нема да преговараме. Сами ќе донесеме наши одлуки и ќе направиме чекори, токму како што тоа го напраивме во Џарабулус, Раи и Баб”, порача Ердоган.

Осврнувајќи се на економската ситуација во Турција, турскиот претседател рече дека оваа година ќе биде успешна за неговата земја.

„Според моите моментални претпоставки, во 2017. година, во економијата ќе доживееме историски скок”, порача Ердоган.

Во таа прилика ги повика сите турски претприемачи, да бидат храбри, да вложуваат што повеќе, да произведуваат, да го зголемуваат извозот и да придонесуваат во намалувањето на вработеноста. Тоа, според неговите зборови, ќе биде корисно и за нив но и за државата Турција.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× eight = 48

%d bloggers like this: