20170603_2_24041765_22827020_Web (Copy)

(Фото) На Брдо кај Крањ се собраа лидерите на земјите од регионот

САРАЕВО (AA) – Лидерите на земјите од регионот се собраа денеска во Брдо кај Крањ на конференцијата на Брдо Бриони процесот за да разговараат за јакнењето, посветеноста на стабилноста и помирувањето во регионот ја Југоисточна Европа, јавува Anadolu Agency (AA).

20170603_2_24041765_22827045_Web (Copy)

Домаќини и иницијатори на овој процес словенскиот претседател Борут Пахор и хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ најавија дека со оглед на моменталната состојба во Европа и во светот, јакнењето на политичкиот дијалог, креирање на довербата и изнаоѓање на решенија за сите отворени билатерални и регионални прашања е приоритетно.

Почесен гостин на овогодишната конференција е претседателот на Германија Франк Валтер-Штеинмаер.

На конференцијата, освен Пахор, Китаровиќ и Штеимаер, присуствуваат и претседатели на Македонија Ѓорге Иванов, на Косово Хашим Тачи, на Србија Александар Вучиќ, на Црна Гора Филип Вујановиќ, на Албанија Бујар Нишани, како и член на Претседателството на БиХ Драган Човиќ.

Во рамките на конференцијата, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов вчера оствари средба со членот на претседателството на Босна и Херцеговина, Драган Човиќ.

Како што соопштија од кабинетот на претседателот Иванов, двајцата соговорници констатирале добра билатерална соработка меѓу двете земји, без отворени прашања, и изразија заемен интерес за јакнење и продлабочување на соработката во сите сфери од заеднички интерес, со посебен акцент на економската соработка.

На конференцијата учествува и новиот македонски министер за надворешни работи Никола Димитров.

Конференцијата Брдо Бриони процес е покрената пред пет години, а претходно на истата, како почесни гости, учествуваа поранешниот претседател на Франција Франсоа Оланд, германската канцеларка Ангела Меркел, поранешниот американски потретседател Џо Бајден и други.

20170603_2_24041765_22827020_Web (Copy) 20170603_2_24041765_22827029_Web (Copy)  20170603_2_24041765_22827071_Web (Copy)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


six × 7 =

%d bloggers like this: