сад тенкови

ОДМЕРУВАЊЕ НА СИЛИТЕ СО ИРАН: Зошто американската војска го зајакнува присуството во јужна Сирија

Американската војска соопштила дека ги зајакнала своите борбени капацитети во јужна Сирија како би се спротивставила на шиитските милиции кои го подржуваат на Иран, и кои наводно ги загрозуваат најблиските трупи кои се борат против ’Исламската држава’.

Изјавата на портпаролот на коалицијата предводена од страна на САД представува последен знак во растечките тензии во областа околу градот Танф, каде американските трупи стационирани се во база од каде ги помагаат локалните борци.

“Нашето присустви го зголемивме и подготвени сме за било каква закана која ја представуваат прорежимските трупи“, изјавил портпаролот Рајан Дилон, мислејќи на милицијата која е подржувана од страна на Иран, а кои се борат на страната на Башар ал Асад.

Дилон смета дека помал број на овие групи останале во внатрешноста на таканрелените безбедносни зони, поставени заради безбедноста на коалиционите трупи. Во меѓувреме, голем број на шиитски борци се собираат на самата граница на таа зона, која е одговорна и воспоставена од страна на САД и Русија.

“Ние на тоа гледаме како на закана“, изјавил Дилон.

Американската војска минатата недела од воздух исфрлила 90.000 летоци на кои ги предупредува овие единици дека секое влегување во деескалационата зона ќе биде сметано за непријателско, и на кое ќе биде одговорено со сила, како и тоа дека сите сили кои се наоѓаат во внатрешноста на зоната треба веднаш да ја напуштат.

Југоисточната област на сириската пустина, позната како Бадија, постана важен фронт во сириската граѓанска војна помеѓу Сириската и арапската армија (САА) и низа на милиции кои го подржуваат на Асад од една и бунтовниците од друга страна.

Спротивставените страни се натпреваруваат околу заземањето на територијата под контрола на Исламската држава, која се повлекува пред жестоките напади речиси од сите страни.

Бунтовниците кои ги подржува Западот, потврдија дека минатата недела биле нападнати од страна на руската авијација во моментот кога започнале да напредуваат против шиитската милиција.

Засиленото присуство на коалицијата во областа на сирискиот град Танф, кој лежи на автопатот Дамаск-Багдад, доаѓа со цел пресекување на една од главните рути на снабдување на џихадистите, како и пресекување на врската на шиитските милиции во Ирак со Сирија.

(TBT, MEE, Newsweek)





Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


one × 8 =

%d bloggers like this: