NATO Training Exercise Combined Resolve

СРБИЈА НА ГРАЃАНИТЕ ИМ ИСПРАЌА ПОКАНИ ЗА ВОЈСКА : “Се наоѓаме во сложено безбедносно опкружување “

Поканите за воена вежба предизвикаа делумна загриженост во Србија, а од тамошното министерство тврдат дека нема место за паника, тукун дека вежбите се “рдовна практика, а “Србија се наоѓа во сложено безбедносно опкружување, а војската како и до сега претставува гарант за безбедноста на сите граѓани“.

Во Србија многу припадници на резервниор состав добиле покана за воена вежба. Многумина тоа го сватија како знак дека Србија е загрозена и моментално треба да се брани. Одговорни тврдат дека нема причина за страв и дека државата не е загрозена.

Од војската на Србија објаснуваат дека “воените вежби представуваат редовна процедура“. “ Вежбите се исклучително важни за одбраната на земјата“ вели капетанот на фрегата Јован Кривокапиќ, портпарол на Министерството за одбрана, пренесува Б92.

“Поканите за воена вежба на резервниот состав немаат никаква врска со актуелната безбдносна ситуација, ситуацијата во регионот и мигрантската криза. Вежбите на резервниот состав на Восјката на Србија представуваат нормална и редовна работа која се спроведува во склад со Законот за воена активност и материјална обврска“, потсетува Кривокапиќ.

Покани, а во Белград протести

Меѓутоа жителите на Србија загрижени се за тоа што  поканите за воена вежба добиле голем број на резервисти, особено на подрачјето околу главниот град на Србија, каде после претседателските избори имаше големи протести “Против диктатурата“, односно против Александар Вучиќ“.

Исто така, во изминатите неколку години воопшто немало вежби. Одговорот е едноставен, тврди портпаролот на српското министерство за одбрана. Вежби во текот на изминатите неколку денови немаше заради недостаток на средства, а сега се продолжува со интензивно вежбање на полигоните.

“Србија се наоѓа во сложено безбедносно опкружување, а војската како и до сега претставува гарант за безбедноста на граѓаните. Со овие вежби ги унапредуваме нашите оперативни и функционални способности, го развиваме резервниот состав кој е , не дај боже во случаеви на воена или вонредна состојба столб на одбраната и заштитата на нашава земја“, истакнал Кривокапиќ.

Ќе се добие ли отказ?

Меѓутоа освен безбедносната ситуација, припадниците на резервниот состав ги загрижуваат практични прашања: пред сё како да дојдат до касарните, со кои пари и како ќе го оправдаат заминувањето од работа. Се прашуваат дали нивниот работадавач ќе ги отпушти. Ги има и оние кои “кукаат“ заради тоа што целосно излегле од форма.

“Станува збор за луѓе кои и по 10 или 15 години не облекле воена униформа или пак биле на некој воен полигон. Нивните физички способности значително се промениле во однос на времето кога служеле воен рок. Наши колеги имаат разбирање. Полека ги воведуваат во одредени фази од обуката, го обновуваат знаењето“.

Се додава дека министерството за одбрана ги покрива патните трошоци; на невработените 70% од просечната плата, а на работодавачите на вработените им се рефундира цел износ на месечна зработа.

Покана ќе добијат и оние кои воениот рок го служеле и цивилно. открива Кривокапиќ. Од покани поштедени се оние од чија работа зависат семејствата, оние кои се занимаваат со важни научни работи, спортисти кои се подготвуваат за меѓународно натпреварување и оние кои ги попречува болест.

 

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


1 + = four

%d bloggers like this: