20170603_2_24041765_22827071_Web (Copy)

ШТО СЕ КРИЕ ПОЗАДИ ПРОЦЕСОТ ’БРДО-БРИОНИ’? ЕУ формира пандан на ’Вишеградската група’ на Балканот на повидок нова ’Илирија’ или ’Балканска унија’

Претседателите и министрите за внатрешни работи на земјите од регионот се собраа во Словенија на состанокот Брдо-Бриони процес. Домаќин и иницијатори на овој процес е словенскиот претседател Борут Пахор и хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ најавија дека во ек на моменталната ситуација во Европа и светот, зајакнувањето на политичкиот дијалог, креирање на довербата и пронаоѓањето на решението за сите отворени билатерални и регионални прашања се приоритетни. Почесен гостин на овогодишната конференција е претседателот на Германија Франк-Валтер Штајмаер.

 ’Западнобалканска шесторка’

На конференцијата освен Пахор, Китаровиќ и Штајмаер, присуствуваат и претседателите на Србија Александар Вучиќ, Црна Гора Филип Вујановиќ, Косово Хашим Тачи, Македонија Ѓорѓе Иванов, Албанија Бујар Нишани, како и членот на Претседателството на БиХ Драган Човиќ.Брдо-Бриони процесот посветен е на зајакнување на стабилноста на подрачјето на југоисточна Европа. Освен заедничката седница која се одржува од попладнето, ќе биде уприличен и низ на билатерални состаноци на учесниците.

“ Важно е да разговараме за тоа како економски да се поврзуваме, а јас и на ручекот и на пленарната седница покренам дополнителна тема… нема да се откажам, ќе бидам досаден, а тоа е регионалната економска зона, тоа е единствениот пазар, да се обидеме да направиме западнобалканска шесторка, тие вела, ние моеже 5+1…. а секако и за блиски односи со ЕУ земјите од регионот, Хрватска и Словенија“, истакнал по доаѓањето на Брдо кај Крањ престедателот на Србија Александар Вучиќ.

Се формира ли нова ’Илирија’?

Сё повеќе е јасно дека на Балканот ќе се формира најверојатно некоја нова Унија, околу која се спорат Русија, Турција ( ама и Британија), како и Германија. Имено сите три држави помалку или повеќе влијаат на процесот на регионот, ама исгледа дека Германија конечно ја презела иницијативата и низ механизмите на ЕУ интеграциите се обидува целиот регион на западен Балкан да го ’обедини’ за почеток на економска унија, а подоцна и можеби за нешто повеќе.

За тоа потребна е и идеолошка подлога па во последно време често можеме во јавноста да видеме како се форсира заедништвото на европското потекло на балканските народи земајќи ја како клучна точката на Илирство. Имено резултатите од последните генстски истражувања  на народите на Балканот укажуваат дека тие во поголем дел се од илирско потекло, со голема вмешаност и на други народи бидејќи ниту една голема светска миграција не го заобиколила балканскиот простор. Со ваквите истражувања во јавноста се обидуваат да се нивелираат разлите кои се поптенционирани во претходниот период помеѓу населението кое ги зборува ’словенските јазици’ и другиот дел на народите на Балканот кои зборуваат албански.

Povezana slika

Некоја нова ’Илирија’ или ’Балканска унија’, засигурно ќе ги опфати БиХ, Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија и Косово, додека Хрватска и Словенија ќе представуваат оска кон Западна Европа. Исто така, сите овие држави најпосле ќе постанат и членки на ЕУ и НАТО, меѓутоа нивната “унија“ че остане да егзистира и понатаму, бидејќи ќе представува единствен пазар од 30-тина милиони луѓе, а што е најважно ќе представува тампон зона спрема руското и турското влијание, како што денес служат балтичките државички, како и државичките од централна Европа.

По примерот на ткн. Вишеградска група и новата ’Илирија’ веројатно би бил нешто конзервативен и религиозен дел од ЕУ, со постојано нагласување на непријателствата спрема поранешните освојувачи, пред сё спрема Русите и Турците од една страна, ама и Унгарците кои сё повеќе се гласни со осуди спрема ЕУ од друга страна.

Со тоа западна Европа уште еднаш со тампон зона дополнително би се осигурала од ’предизвиците од Исток’. Од друга страна, на народите на државите од Западен Балкан би им било овозможено да ги развиваат своите економски, наулни и културни потенцијали во едно пошироко партнерство што засигурно би довело до подобрување на вкупната економска и финансиска ситуација во регионот.

Како функционира Вишеградската група?

Сличен процес сме можеле да видиме и во случајот со поранешните држави од источниот блок, кога во 1991 година беше формирана така наречена Вишеградска група во чиј состав влегуваат Полска, Чешка, Словачка и Унгарија. На самиот почеток, спрема мислењето на многуте аналитичари, на ова организација се гледало како на неформална група која требало да обезбеди што побрза интеграција на своите членки во ЕУ и НАТО после нивното осамостојување од Советскиот сојуз. Меѓутоа, таа е многу повеќе од тоа. Зошто тоа го велиме?

Заради тоа што тие се тогашновремените претседатели кои ја формирале ова група имале поинаква, долгорочна визија. Се разбира краткорочна цел биле ЕУ и НАТО интеграциите, бидејчи на западните земји на Европа после ослободувањето од ’руското влијаније’ гледало како на нова шанса за живот во слобода. Меѓутоа, има и доста ’длабоки’ причини за нејзиното формирање.

Slikovni rezultat za visegrad group

Централна Европа секогаш имала специфична и препознатлива положба, а тоа во превод значи дека секогаш била ’заглавена’ помеѓу Германија и Русија во последните 500 години. Во такви услови било многу тешко да се оствари било каква независност. И некако тие држави секогаш ги имале истите проблеми, и со Германците и со Русите, а подоцна и со ’Советите’. Значи имале исти проблеми, многу слична култура, во повеќето иста религија, единствена географска положба, рељефна и климатска конституција. Тоа навистина е една специфична европска регија. Така да сосема е разбирливо, да пред крајот на 20.век, кој за овој дел од светот било исклучотелно тешко, ови држави и не имале други опции освен да се сцртат една кон друга и да работаат заедно.

Меѓутоа, на време сватиле дека не е можно да се формира некоја нова ’супердржава’ или ’царство’ и тоа никогаш не било опција. Тоа не можело да се оствари како од внатрешни политички причини, така и заради тоа што тоа не би го дозволиле странските сили ( Германија, Франција, Британија и Русија).

Членките на Вишеградската група немаат некои посебни обврски една спрема друга, тие само се обидуваат да соработуваат. Доколку некоја сега од членките заклули дека некој проекти и` ги нарушува интересите, едноставно само се повлекува од тоа без и било какви последици. Значи, според одредени прашања овие држави формираат заеднички глас, и кога зборуваат со единствениот глас низ ’Вишеградската група’, тпгаш станува збор за популација со големина на денешна Франција. Станува збор за популација од преку 65 милиони луѓе. Гледано економски, заедничкото дејствување на овие држави навистина е од голема важност.

Тампон зона спрема Западна Европа

Доколку се остварат овие намери на европските стратези и функционер, Зпадна Европа, која го сочинува јадрото на Европската унија во целост би била заштитена од било воени, било мигрантски ’ инвазии од Истокот’.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


four + 8 =

%d bloggers like this: