strato-800x478

(Видео) Американците од хангар го извадија најголемиот авион на светот

Во пустината Мојаве, сојузна држава Калифорнија, по прв пат хангарот го напуштил најголемиот светски транспортен авион, способен да лансира ракети во Земјината орбита, соопштила компанијата Stratolaunch,која се занималава со неговата изградба.

Распонот на крилата на овој авион изнесуваат 117 метра, тежи 230 тони, а висината е 15 метра. Истиот го носат дури 28 тркала, а спосеобен е да носи до 250 тони товар. Авионот се планира да се искористи како воздушна платформа за лансирање на ракети од моделот Pegasus XL, кој ќе носи товар на ниската Земјина орбита. Во првата фаза авионот ќе носи една ракета, а во иднина се очекува да пренесува до три ракети.

Компанијата известила дека во Мојаве наскоро ќе започнат надземните тестирања на овој авион, а прво пробно лансирање се планира за 2019 година.

Stratolaunch е осниван во 2011 година од страна на Паул Ален, еден од оснивачите на компанијата Мајкрософт.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


8 − = one

%d bloggers like this: