40e5a2599a24a8b4d5cf01d57326e3d3b3a43c0ca1c5e085b1ed8e83efee1f6d_m

Најголемиот брод за полагање на подморски цевки влезе во Црното море заради изградба на “Турскиот Ток“

Dubai Portal неодамна известуваше за почетокот на изградбата на магистралниот гасовод “Турски ток“, кој по пат на систем од цевки че ги поврзува руските гасоводни извори со турскиот пазар, а со друг систем, складно евентуалниот интерес на ЕУ, и со пазарот на Јужна и Југоисточна Европа.

turski-tok-2-848x478

Пред неколку денови пристигна вест за тоа, дека најголемиот специјализиран брод на светот Pioneering Spirit,, наменет за полагање на платформа и гасоводни нафоводни цевки под дното на море, го поминал морскиот теснец Босфор и се движи со брзина од 4 чворови спрема Црното море. Еден ден претходно турските блогери, кои го следат минувањето на бродовите низ овој теснец, известиле за неговото поминување низ теснецот Дарданели.

Според информациите на навигацискиот портал Marinetraffic на 2.јуни Pioneering Spirit, кој тргнал од Холандија, мора да вплови во руското црноморско пристаниште Анапу, каде ќе се приклучи на веќе започнатите работи околу гасоводот “Турски ток“.

Потсетуваме, гаосводот “Турски ток“ ќе минува низ Црното море во далечина од 910 километри. Неговата изградба Газпром ја започна пред десетина дена, ангажирајќи помал цевкополагачки брод Аудациа, на компанијата Аллсеас. Тој се занимава со полагање на гасоводни цевки јужно од Анапе во плитките води, како и изградбата на мини-тунели кои го поврзуваат брегот и подморјето.

Длабоководните работи Pioneering Spirit ќе ги изведува на 40 километри јужно од Анапе, готово до самиот турски брег, а неговата техничка опременост овозможува полагање на цевки на длабочина во морето до дури 4 милометри. Таа длабочина на трасата на гасоводот “ Турски ток“ ќе изнесува од 600-2000 метра вкупна траса.

40e5a2599a24a8b4d5cf01d57326e3d3b3a43c0ca1c5e085b1ed8e83efee1f6d_m

Носивоста на бродот изнесува 48 илјади тони, што овозможува преместување на помали платформи. Бродот во една тура може на палубата да носи дури 27 илјади тони цевки, а екипажот го сочинуваат 571 особа. Pioneering Spirit двојно побрзо ги поставува цевките од споменатиот брод Аудициа. Цената на неговото еднодневно изнајмување изнесува 250-300 илјади евра. Негова последна работа била демонтажата на платформа на Северното море.

Потсетуваме, во декември минатата година и во фебруари 2017 , компанијата Аллсеас склучила договор со компанијата ќерка на Газпром South Stream Transport B.V. за изградбата на цевководот “Турски ток“. Работата мора да биде завршена во 2019 година.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


5 × = twenty five

%d bloggers like this: