20170604_2_24048431_22842441_Web (Copy)

Во нападите во Лондон загинаа шест лица, убиени тројца напаѓачи

ЛОНДОН (АА) – Британската полиција соопшти дека се убиени три лица кои се сомничат за извршители на терористичкиот напад во Лондон, во коишто загинаа најмалку шест лица, јавува Anadolu Agency (AA).

20170604_2_24048431_22842450_Web (Copy)

Во соопштението на полицијата се наведува дека најмалку шест лица загинале во нападот, извршен вчера околу 22:00 часот по локално време, на Лондонскиот мост и на пазарот Бороу, а тројца напаѓачи се убиени.

Според соопштението, комбе откако се втурнало кон пешаци на Лондонскиот мост, продолжило кон пазарот Бороу, кој се наоѓа од јужната страна на мостот, каде што потоа тројца напаѓачи кои излегле од комбето, со нож ги избоделе минувачите.

Според соопштеното, меѓу повредените се наоѓа и еден полицаец.

Напаѓачите носеле елек што наликувал на елек со експлозив, но потоа се испоставило дека елекот бил лажен.

Од полицијата јавија дека 20-те лица повредени во нападот се пренесени во шест различни болници.

Британската премиерка, Тереза Меј, во својата писмена изјава истакна дека полицијата овој напад го смета како потенцијален терористички акт.

Лондонскиот градоначалник, Садик Хан, случајот директно го опиша како терористички напад.

Откако претходната недела се случи самоубиствен напад во градот Манчестер во кој загинаа 22 лица, нивото на терористичка закана во земјата се подигна на највисоко „критично  ниво“, а во саботата тоа се спушти на т.н „сериозно ниво“.

Инаку, Лондонскиот мост, кој се наоѓа во центарот на градот на познатата река Темза, е едно од најпосетуваните туристички места. Исто така, пазарот Бороу е место кое често е посетувано од страна на туристите.

Потсетуваме, на 22 март на лондонскиот мост Вестминистер се случи сличен напад, во којшто напаѓачот Адријан Расел со возило се втурна во пешаци со брзина од 120 километри на час. Напаѓачот, чие возило застанало откако удрил во ѕидот на британскиот парламент, излегол од возилото и со нож убил еден полицаец во предниот дел на парламентот. Напаѓачот беше убиен од страна на полицијата.

20170604_2_24048431_22842451_Web (Copy) 20170604_2_24048431_22842452_Web (Copy)

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


1 × six =

%d bloggers like this: