20170604_2_24048398_22842349_Web (Copy)

(Видео) Њујорк: Оскаровката Џулијан Мур демонстрираше против оруженото насилство

ЊУЈОРК (АА) – Оскаровката и холивудската ѕвезда, Џулијан Мур, присуствуваше на демонстрациите во Њујорк по повод „Националниот ден за свеста на вооруженото насилство“, јавува Anadolu Agency (AA).

20170604_2_24048398_22842353_Web (Copy)

На демонстрациите присуствуваа голем број активисти, членови на невладини организации, како и лица кои биле жртви на насилство, преживеале вооружен напад или во таков напад изгубиle некоj ближен

Демонстрантите, но и 56-годишната актерка беа облечени во портокалово за да се укаже на овој проблем.

Мур за време на обраќањето ја сподели својата приказна за тоа какo станаla активист.

Таа рече дека откако бил извршен оружен напад на основното училиште „Сенди Хук“, Њутаун, Конектикат во 2012 година, ќерката на филмскиот сет ја запрашала дали тој ден загинале многу деца, што врз актерката оставило голем впечаток.

Нејзината иницијатива „Everytown Creative Council“ подоцна ја поддржаа Џенифер Лоренс, Ејми Шумер, Алек Болдвин и Џенифер Анистон.

Јоланда Ернандез беше една од демонстрантите кои изгубиле еден од своите блиски во оружен напад.

„Ние не можевме ни да замислиме дека ќе ни се случи такво нешто, но тоа може да му се случи секому, и во секое време. Не чекајте да изгубите некој близок за да се борите против оруженото насилство“, истакна Хернандез.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


six − 3 =

%d bloggers like this: