20170604_2_24049816_22845082_Web (Copy)

Почина седмата жртва во терористичкиот напад во Лондон

ЛОНДОН (АА) – Уште едно лице, повредено во терористичкиот напад минатата ноќ во срцето на Лондон, почина утринава во болница, со што билансот на загинатите во нападот што се случи доцна синоќа се зголеми на седум лица, јавува Anadolu Agency (AA).

20170604_2_24049816_22845083_Web (Copy)

Нападот се случи доцна синоќа, кога напаѓачите со комбе удрија во пешаци на Лондонскиот мост, а потоа го напуштија возилото и со ножеви ги нападнаа минувачите на пазарот Бороу, каде што полицијата ги застрела сите тројца напаѓачи.

Според последните податоци, во нападот загинаа 7, а ранети се 48 лица.

Полицијата го опиша нападот како терористички, а досега никој не ја презеде одговорноста за случајот.

Британската премиерка, Тереза Меј, во својата писмена изјава истакна дека полицијата овој напад го смета како потенцијален терористички акт. Таа утрово свика вонредна седница на кабинетот поради трагичниот настан кој се случи само две недели по самоубиствениот бомбашки напад во Манчестер, во којшто загинаа 22 лица.

„Минатата ноќ бевме сведоци на уште еден трагичен инцидент во Лондон, нешто што се надеваме дека нема да се повтори“, изјави утринава полициската комесарка Кресида Дик, која ги повика граѓаните на смиреност.

Дик изјави дека полицијата претпоставува оти нема други учесници во нападот, но дека полицијата врши обемна истрага и ги зголемува безбедносните мерки во градот.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


9 + two =

%d bloggers like this: