20170604_2_24053104_22851307_Web (Copy)

Филипините: Прогласен четиричасовен прекин на огнот за евакуација на цивилите од Maрави

ЗАМБОАНГА СИТИ (АА) – Филипинската војска прогласи четиричасовен прекин на конфликтот, со цел да помогне да се евакуираат илјадници цивили од градот Maрави, кој е средиште на судирите меѓу армијата и милитантите лојални на терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).

20170604_2_24053104_22851315_Web (Copy)

Началникот на Генералштабот на филипинската армија, Едуардо Ано, потврди дека утрово стапил на сила четиричасовниот прекин на огнот, со цел да се донесе хуманитарна помош за цивилите кои се заробени меѓу два огна од 23-ти мај, кога започна конфликтот.

Генерал Ано ги отфрли барањата на невладините организации, прекинот на судирите да трае подолго и рече дека борбата против терористичките закани во Maрави итно мора да продолжи.

Радикалните групи Maуте и Абу Сајаф, познати како филипински ограноци на ДЕАШ, го окупираа градот Maрави на 23 мај, кога филипинската војска се обиде да изврши апсење на водачите на движењето „Maute Isnilon Hapilona“.

Филипинскиот претседател, Родриго Дутерте, потоа прогласи вонредна состојба во градот Maрави во јужната провинција Минданао, а оттогаш филипинската војска води судири со милитантите.

Властите на провинцијата Минданао во понеделникот соопштија дека од Maрави е евакуирано 90 проценти од населението, но дека во градот се наоѓаат повеќе од 3.000 луѓе.

Според последните информации, во судирите во Maрави се убиени најмалку 120 милитанти, 38 филипински војници ги загубија своите животи, како и најмалку 20 цивили. Десетина цивили се водат за исчезнати.

Дутерте претходно изјави дека воздушните сили може за еден ден да стават крај на присуството на терористички елементи во Maрави, но дека за оваа опција не е одлучено, поради цивилите во градот.

„Сѐ што треба да се направи е да бомбардираме и да го уништиме целиот град. Сепак, тоа уште не сме го направиле, бидејќи ние сме цивилизирано општество и членка на Обединетите нации и на Женевската конвенција. Ние се обидуваме да ги намалиме цивилните жртви на минимум“, рече Дутерте.

20170604_2_24053104_22851312_Web (Copy) 20170604_2_24053104_22851307_Web (Copy)

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


seven + 1 =

%d bloggers like this: