20163811510100

И Јемен ги прекина дипломатските односи со Катар

САНА (АА) – Јеменската Влада соопшти дека ги прекинува дипломатските односи со Катар, јавува Anadolu Agency (AA)

Според веста на националната информативна агенција на Јемен, САБА, во соопштението на Владата, Катар се обвинува за „поврзаност со милициите-пучисти“, и се наведува дека ова е во контрадикција со целите за коишто се согласуваат земјите што ја поддржуваат легитимната Влада на Јемен.

Во ова соопштение, во коешто се вели дека се прекинуваат дипломатските односи со Катар, се пренесува дека се поддржува и одлуката во врска со укинувањето на улогата на Катар во меѓународната коалиција формирана против Хусите.

Исто така, во соопштението се укажа и на довербата на владата во врска со продолжувањето на напорите на братските земји во коалицијата за обезбедување стабилност и безбедност во Јемен, како и за преземање на суверенитетот на државата од рацете на пучистите.

Саудиска Арабија, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати и Египет соопштија дека ги прекинуваат дипломатските односи со Катар, а исто така и Командата на меѓународната коалиција формирана под водство на Саудиска Арабија против Хусите во Јемен јави дека се укинува улогата на Катар во оваа коалиција.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ 8 = nine

%d bloggers like this: