miladinovci

Објавен конкурсот за наградата “Браќа Миладиновци” за најдобра поетска книга помеѓу два фестивали

Управниот одбор и Дирекцијата на Струшките вечери на поезијата распишаа конкурс за доделување на наградата “Браќа Миладиновци” за најдобра поетска книга меѓу два фестивали.

Наградата „Браќа Миладиновци“ се доделува за поетска книга напишана и објавена на македонски јазик. На конкурсот може да биде пријавена и книга објавена двојазично, каде поетското творештво на македонски е оригинално создадено, односно, не е превод од друг јазик. Еден автор или издавач може да учествува со неограничен број наслови.

Пријавените поетски книги треба да се првообјавени на македонски јазик во периодот од 1-ви јуни 2016 година до 31-ви мај оваа година и да не бидат претходно објавени на друг јазик.

Авторите или издавачите за учество на конкурсот мора да испратат шест примероци од книгата на адреса на Манифестацијата “Струшки вечери на поезијата”.

Конкурсот е отворен до 20-ти јуни. (Крај)

извор: ОхридПрес   фото: архива




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× four = 8

%d bloggers like this: