20170605_2_24068332_22878590_Web (Copy)

(Фото/Видео) Сирија: Силите на Асад вршат жестоки напади на центарот на Дера

ДЕРА (АА) – Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад започнаа нов бран воздушни, артилериски и копнени напади на центарот од јужниот град Дера, во кој вооружените опозициски групи се обидуваат да ја задржат контролата и да ги заштитат цивилите, јавува Anadolu Agency (AA).

20170605_2_24068332_22878598_Web (Copy)

Локалните извори јавуваат дека силите на Асад минатиот викенд извршиле најмалку 150 воздушни напади на центарот на Дера, во кои се користени разорни барел бомби и импровизирани ракети т.н. „слон“.

Паралелно со воздушните напади се вршат и напади со артилериско оружје, а милитантите на странските групи извршуваат копнени напади на позициите на опозицијата.

Стариот дел од градот, населбaтa Дера Белед, патот до браната, бегалскиот камп и областа Нуајма се цел на најжестоки напади во кои настрадаа десетици цивили, а објектите и инфраструктурата се уништени во голема мера.

Силите на сирискиот режим го контролираат северниот дел на градот, Дера Махата (Нов град) и вршат големи притисоци кон јужниот дел на градот, Дера Белед, кој е во рацете на опозицијата.

Жителите на Дера се надеваат на побрзо продолжување на мировните преговори во Астана, со оглед на тоа што на почетокот од мај, Русија, Турција и Иран постигнаа договор за воспоставување бесконфликтни зони во Сирија, а една од нив е токму тој град.

20170605_2_24068332_22878588_Web (Copy) 20170605_2_24068332_22878590_Web (Copy) 20170605_2_24068332_22878595_Web (Copy) 20170605_2_24068332_22878597_Web (Copy)

 

 

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


nine − = 2

%d bloggers like this: