20170606_2_24077801_22892580_Web (Copy)

Откриен идентитетот на двајца од тројцата напаѓачи во Лондон

ЛОНДОН (АА) – Британската полиција го соопшти идентитетот на двајца од напаѓачите на Лондонскиот мост, а станува збор за Курам Шазад Бат и Рашид Редоне, јавува Anadolu Agency (AA).

Бат од претходно им е познат на полицијата и на одделот МИ5, но не бил проценето дека би можел да испланира напад. Редоне не ѝ е познат на полицијата“, се вели во соопштението на Скотланд Јард.

Курам Бат (27), според пишувањето на „SkyNews“ (Скајњуз), во источен Лондон е познат како Ебу Зејтун, или Абу.

Тој како дете, со родителите дошол во Велика Британија од Пакистан, а живеел во стан во Баркинг.

Бат во 2016 година се стекнал со диплома за подучување англиски јазик за возрасни лица, а завршил и училиште за деловна администрација. Работел во локален ресторан и во локален фитнес центар.

Рашид Редоне е триесетгодишник со мароканско-либиско потекло. Скотланд Јард наведе дека го користел и името Рашид Елкдар.

Полицијата соопшти дека во тек е истрагата за третиот напаѓач, а беше упатен апел жителите да јават за секоја информација што ја имаат, а која би можела да им помогне.

Да потсетиме, најмалку седум лица загинаа, а 48 се повредени во саботниот терористички напад којшто се случи во срцето на Лондон. Нападот се случи кога напаѓачите со комбе удрија во пешаци на Лондонскиот мост, а потоа го напуштија возилото и почнаа да ги напаѓаат минувачите кај пазарот Бороу, каде што полицијата ги застрела сите тројца напаѓачи. Полицијата нападот го окарактеризира како терористички, а досега се приведени 12 осомничени лица.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


four + 3 =

%d bloggers like this: