20170606_2_24080843_22897809_Web (Copy)

Најкрвав напад на деценијата: 150 загинати во минатонеделниот бомбашки напад во Кабул

КАБУЛ (АА) – Во бомбашкиот напад во Кабул, главниот град на Авганистан, извршен минатата недела, смртно настрадаа 150 лица, јавува Anadolu Agency (AA).

Претседателот на Авганистан, Ашраф Гани, на прес-конференцијата одржана во Кабул изјави дека бројот на смртно настраданите во нападот извршен во подрачјето Вазир Акбар Хан е зголемен на 150.

Тој додаде дека станува збор за најкрвавиот напад во последните десет години и дека се ранети повеќе од 300 лица.

На подрачјето на кое дојде до нападот се наоѓаат голем број дипломатски претставништва. За експлозијата бече употребен 1,5 тони експлозив.

Разузнавачката служба на Авганистан за нападот за кој сѐ уште никој не презеде одговорност, ја смета за одговорна терористичката организација Хакани.

 

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× one = 1

%d bloggers like this: