20170606_2_24081376_22898780_Web (Copy)

(Фото) Ракометарите на Вардар пристигнаа во Скопје

СКОПЈЕ (АА) – Ракометарите на Вардар кои се новите европски шампиони, денес на аеродромот „Александар Велики“ беа причекани од стотици граѓани кои дојдоа во нивна чест, за да ги поздрават и да им го честитаат постигнатиот успех, јавува Anadolu Agency (AA).

20170606_2_24081376_22898786_Web (Copy)

Според најавеното, по пристигнувањето на аеродромот, европските ракометни шампиони ќе се упатат кон Скопје, каде што ќе се движат по главните скопски улици и ќе ги поздрават граѓаните.

Ракометарите на РК „Вардар“ треба да пристигнат на плоштадот„Македонија“, преку Порта „Македонија“, каде што ќе биде организиран нивниот пречек.

Екипата на ракометниот македонски клуб Вардар е нов европски првак, откако во неделата во Келн, Германија, во финалето на ракометната Лига на шампионите, го победи францускиот Пари Сен Жермен со 24:23.

Победничкиот гол во финалниот натпревар во последната секунда го постигна Иван Чупиќ, со што Македонија го доби првиот европски ракометен шампион во машка конкуренција и по 15 години повторно има екипа континентален првак.

По тој повод, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, донесе одлука да ги одликува членовите на ракометниот клуб Вардар со „Медал за заслуги за Македонија“, а на РК „Вардар“ ќе му биде доделено високо признание „Повелба на Република Македонија“.

20170606_2_24081376_22898774_Web (Copy) 20170606_2_24081376_22898775_Web (Copy) 20170606_2_24081376_22898776_Web (Copy) 20170606_2_24081376_22898777_Web (Copy) 20170606_2_24081376_22898778_Web (Copy) 20170606_2_24081376_22898779_Web (Copy) 20170606_2_24081376_22898780_Web (Copy) 20170606_2_24081376_22898781_Web (Copy) 20170606_2_24081376_22898782_Web (Copy) 20170606_2_24081376_22898783_Web (Copy) 20170606_2_24081376_22898785_Web (Copy)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


eight × = 16

%d bloggers like this: