20170606091216_45567

ПАНИКА ВО КАТАР: Заради изолација на земјата гужви во продавниците

Screenshot-2017-06-05-18.42.28_170605_185127Откако Саудиска Арабија, Бахреин, Египет, Обединетите Арапски Емирати, Јемен, Либија и Малдивите ги прекинаа дипломатските односи со Ката, меѓу жителите завладеа паника, пишува Н1.

Арапските земји вчера ги прекинаа дипломатските односи со Катар заради неговата подршка на одредени терористички организации (Исламска Држава, Ал-Каеда) и односот со Иран.

Арапските земји соопштија дека ќе ги повлечат своите дипломати од Катар, и дека ќе ги протераат катарските дипломати од своите територии, и најавија дека ќе го прекинат воздушниот и поморскиот сообраќај, а Саудиска Арабија ќе ја затвори копнената граница со Катар, со што ова земја ќе биде отсечена од остатокот на Срапскиот полуостров. Катар во повеќе наврати ги отврлал обвиненијата дека финансира екстремистички групи.

Според пишувањето на тамошните медиуми, граѓаните веднаш навалиле кон локалните супермаркети со намера да обезбедар залихи на храна и пијалоци.

Прехрамбените артикли набрзо исчезнале од полиците на катарските супермаркети.

“Редиците во продавниците се огромни. Сите купуваат храна, повеќето пилешко и вода ги изнесуваат во пакети“, изјавил за Н1 државјанин на БиХ од сместото на претстојување во Доха.

Странските државјани се повеќе се распитуваат за летови кон своите татковини од страв дека соседните земји ќе воведат летови од Катар.

“Многумина размислуваат да си заминат дома, паниката завладеа“, изјавил еден од сговорниците за Н1.

Уверувањето на катарската Влада дека ќе ги превземе сите потребни мерки со што одлуките на соседните земји не би влијалеле на нормалниот живот, не го смирило наслението во Катар.

“Никогаш не сум видел такво нешто слично. Луѓето изнесуваат полни колички со храна и вода“, изјавил долгогодишен жител на Доха.

Жителите на Доха од банкоматите можат максимално да поднесат само 150 евра.

Саудиска Арабија, ОАЕ и Бахреин на државјаните на Катар им дале две недели рок да ги напуштат нивните земји.

Засега реципрочни мерки од Катар нема.

(TBT)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


5 × = twenty five

%d bloggers like this: