20170606094808_97168

ЕРДОГАН ГО СМИРУВА “ЗАЛИВСКОТО НЕВРЕМЕ“ : Турскиот претседател разговарал со лидерите на Катар, Русија, Кувајт и СА!

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган денес разговарал по телефон со лидерите на Катар, Русија, Кувајт и Саудиска Арабија за намалување на тензиите, изјавил неименуван извор близок на турскиот претседател.

-Во разговорот истакнато е значењето на регионалниот мир и стабилност како и важноста од фокусот на ставот на дипломатијата и дијалогот да се намалат тензиите – изјавил за Ројтерс неименуван извор.

Пет арапски земји, либиската влада од истокот на земјата која е во сојузништво со воениот командант Калифата Хафтар и Малдивите ги прекинаат дипломатските односи со Катар, оставајќи ја ова земја и дипломатски и физички изолирана.

Ова одлука тие ја образложиле со тоа дека Катар го подржува тероризмот, односно Исламката држава, Муслиманските браќа и шиитските милиции кои имаат подршка од страна на Иран.

Односите ги прекина Бахреин, Египет,Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, Јемен,Либија и Малдици, и истите соопштија дека ќе ги повлечат своите дипломати од Катар и протераат катарските дипломати од своите територии.

Истовремено, арапските земји најавија и дека ќе го прекинат воздушниот и поморскиот сообраќај, а Саудиска Арабија ќе ја затвори копнената граница со Катар, со што земјата ќе биде отсечена од остатокот на Арапскиот полуостров.

 


(TBT, Agencije)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


seven + 8 =

%d bloggers like this: