Screen-Shot-2017-06-06-at-1.50.41-PM

КРИЗА ВО ЗАЛИВОТ: Прекинување на сите летови кон Катар, додека траат преговорите

Прекинување на летовите од и за Доха за кое одлучија неколку арапски земји стапи на сила денес утринава додека обидите за посредување продолжуваат како би се пребродила невидената криза околу Катар, изолиран и обвинет дека го “поддржува тероризмот“.

Со Катар во понеделникот дипломатските односи ги прекинаа Саудиска Арабија, Бахреин, ОАЕ, Јемен, Египет и Малдиви.

Придодадени се и неколку економски мерки, слични како затварање на сите копнени и поморски граници помешу овие земји со Катар, како и забрана за надлетување на катарските воздушни компании и ограничено движење на одредени особи.

Неколку поголеми заливски компании ги прекинаа летовите спрема или од Доха заради што дошло до пореметување на воздушниот сообраќај. На интернет страницата на Dubai Airports сите летови во правец на Доха се откажани дене сутринава. Вкушно шест авиокомпании на Заливот како и EgyptAi објавија прекинување на летовите, се до донесување на “нова одлука“.

Саудиското цивилно воздухопловство од утринава им забрани на авикомоаниите од Катар да ја надлетуваат територијата на ова земја а тоа ќе доведи до пренасочување, доценење и зголемување на трошоците.

Вечерта односно понеделник спрем вторникот изгледало дека Катар бара излез од кризата повикувајќи на “ отворен и чесен дијалог“.

Во говор емитуван на теливизијата Ал-Џезира, шефот на дипломатијата на емиратот, шеикот Мухамед бен Абдерахман Ал-Тани истакнал дека нема да има “ескалација“ од страна на Катар.

Неколку земји се обиделе да одиграат посредување во кризата, најтешка од псоледната од 1981 година. Засега само Куват не ги прекинал односите со Катар.

Кувајтскиот емир пеикот Сабах ал-Ахмад во понеделникот го угостил советникот на кралот на Саудиска Арабија, при тоа го повикал емирот на Катар шеикот Тамим бен Хамад ал-Тани на “воздржаност“.

Турција која одржува блиски односи со заливските монархии исто така се заложи за дијалог. “ Ќе овозможиме целосна подршка сотојбата да се врати на норнала“, изјавил шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу.

Вчера навечер кралот Салман примил телефонски разговор од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Ердоган разговарал и со представниците на Катар, Русија и Кувајт.

После разговорот на Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин Кремљ објавил дека повикуваат на дијалог и компромис.

Сојузникот на Ријад и Доха, САД по пат на државниот секретар Рекс Тилерсон во понеделникот ги повикал земјите од Заливот да останат “обединети“.

Катарскиот министер за надворешни работи вчера го истакнал “стратешкиот“ карактер на односите со САД.

Во Катар се наоѓа најголемата  американско взодушна база во регионот  со 10.000 припадници, како и седиштето на американската воена команда задолжена за Блискиот исток. Таа база клучна е за борбата против Исламската држава во Сирија и Ирак која коалиција ја предводува Вашингтон.

Катар е исклучен од арапската воена коалиција предводена од Ријад која се бори против проиранските бунтовници во Јемен. Ним им се префрлува дека ги поддржуваат радикалните групи и дека недоволно се дистанцираат од Иран, големиот ривал на Саудиска Арабија.

(TBT)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


4 + = nine

%d bloggers like this: