thumbs_b_c_8269630eaf5663cb85fcd5559a40b7e4

„Кризата меѓу Катар и некои арапски земји можност е за Израел“

ЕРУСАЛИМ (АА) – Министерот за одбрана на Израел, Авигдор Либерман, за настанатата криза меѓу Катар и некои арапски земји изјави: „Ова е голема можност за Израел да соработува со арапските земји во борбата против радикалниот исламски тероризам“, јавува Anadolu Agency (AA).

Во вестите на израелските медиуми се истакнува дека министерот Либерман во своето обраќање пред израелскиот Парламент, ја оценил кризата меѓу Катар и некои арапски земји како „голема можност“ за Израел.

Министерот Либерман во таа пригода изјави: „Оваа ситуација во којашто некои арапски земји, поради стравот од радикалниот исламски тероризам ги прекинаа своите врски со Катар, претставува голема можност за Израел да воспостави соработка со арапските земји во борбата против радикалниот исламски тероризам. И арапските земји веќе сфатија дека закана за регионот не е Израел, туку тероризмот. Ова е можност за соработка“.

Либерман истакна дека Израел е отворен за соработка со арапските земји коишто ги прекинале своите односи со Катар. „Топката сега е на нивен терен (арапските земји)“, рече Либерман.

Катар е земја еден од најголемите поддржувачи на Палестинското исламско движење за отпорот – Хамас.

Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Јемен, Бахреин и Египет објавија дека ги прекинуваат сите дипломатски врски со Катар.

Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин го затворија својот воздушен простор за Катар, а од катарските дипломати побараа во рок од 48 часа да ги напуштат земјите.

Кон дипломатската блокада што се спроведува против Катар, се приклучија Малдивските Острови и Владата од Тобрук во Либија, која нема добиено легитимитет од меѓународната заедница, а која го поддржува пучистот, генерал Халифе Хафтер.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


7 × = forty two

%d bloggers like this: