20170606_2_24090154_22910923_Web (Copy)

Минута молк и цвеќе за жртвите во Лондон: Тероризмот нема религија

ЛОНДОН (АА) – Пријатели, познаници и граѓани во британската престолнина Лондон им оддадоа почест на жртвите од терористичкиот напад, кој во сабота се случи на Лондонскиот мост, јавува Anadolu Agency (AA).

Оддавањето почест се одржа во близина на местото каде што се случи нападот. Граѓаните одржаа минута молк и положија цвеќе за загинатите недолжни цивили. На местото беше оставен и натпис:  „Тероризмот нема религија“.

Најмалку седум лица загинаа, а 48 се повредени во саботниот терористички напад што се случи во срцето на Лондон.

Напаѓачите со комбе удрија во пешаци на Лондонскиот мост, а потоа го напуштија возилото и со ножеви ги нападнаа луѓето кај пазарот Бороу, каде што полицијата ги неутрализираше сите тројца напаѓачи. Полицијата го окарактеризира нападот како терористички чин, а приведени беа 12 осомничени лица кои подоцна се пуштени.

Одговорноста за нападот во Лондон ја презеде терористичката организација ДЕАШ.

20170606_2_24090154_22910902_Web (Copy) 20170606_2_24090154_22910907_Web (Copy) 20170606_2_24090154_22910913_Web (Copy) 20170606_2_24090154_22910923_Web (Copy)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


four + 8 =

%d bloggers like this: