18922181_1541683542529487_7986586836045732668_n

Сообраќајна незгода на регионалниот пат Струга-Дебар- Вевчани

Вечерва некаде околу 20.45 часот, во непосредна близна на главната раскрсница од регионалниот пат Дебар-Струга-Вевчани, односно дел познат како Кореа, се случи сообраќајна незгода во која учествуваа две патнички моторни возила Форд Мондео со Охридски регистерски таблички и Голф 5  со Струшки регистерски таблички во сопственост на жител на населба Велешта.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица во Струга, како би се утврдиле причините за самата несреќа. Според неофицијалните извори, моментално нема посериозно повредени, а причинета е помала материјална штета.

18922181_1541683542529487_7986586836045732668_n

18882049_1541683442529497_4997304800992388630_n

Фото: С.Р/Дубаи Портал




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× nine = 81

%d bloggers like this: