20170607_2_24098516_22922322_Web (Copy)

(Фото/Видео) Оружен напад во иранскиот Парламент и на турбето на Хомеини

ТЕХЕРАН (АА) – Вооружени лица денес отворија оган врз иранскиот Парламент и на турбето на Ајатола Хомеини во главниот град на Иран, Техеран, јавува Anadolu Agency (AA).

20170607_2_24103399_22929175_Web (Copy)

Според новинската агенција IRNA (ИРНА), која го цитираше пратеникот Голам-Aли-Џафарзадех Именабади, парламентот го нападнале четири лица.

Тројца чувари биле ранети кога едно лице вооружено со пушка „калашников“ и со пиштол отворило оган. Именабади за агенцијата изјави дека еден од чуварите е мртов.

Во друг координиран напад, четири лица отворија оган врз турбето на Хомеини, основачот на Исламската република.

Според информациите, едно лице загинало во тој напад, а двајца загинале во бомбашки и оружен напад во турбето на јужниот дел од градот.

Тројца од напаѓачите отвориле оган врз посетителите на турбето, додека четвртиот активирал бомба во бомбашки самоубиствен напад пред полициската станица наспроти турбето. Новинската агенција Fars (Фарс) објави дека еден напаѓач извршил самоубиство, така што голтнал таблета со цијанид додека жената-терорист била фатена.

Али Халили, портпарол одговорен за турбето, за новинската агенција IRNA изјави дека вооружено машко лице се разнело пред мавзолејот.

Безбедносните сили изјавија дека деактивирале друг самоубиствен појас на местото на настанот.

Новинската агенција објави дека ДЕАШ презела одговорност за нападот, но не даде повеќе детали.

20170607_2_24098516_22922319_Web (Copy) 20170607_2_24098516_22922320_Web (Copy) 20170607_2_24098516_22922321_Web (Copy) 20170607_2_24098516_22922322_Web (Copy) 20170607_2_24103399_22929174_Web (Copy)

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


nine − 6 =

%d bloggers like this: