IMG_8149 (Copy)

(Мега Галерија/Видео) Стружани на протестен марш за чиста и здрава животна средина

Под мотото “Чист воздух сега“, а во огранизација на граѓанската иницијатива “Доста“, Стружани уште еднаш преку денешниот марш укажаа на опасноста од загадување на животната средина во овој град и пошироко, притоа потенцирајќи на најголемиот загадувач Струшката депонија, која веќе неколку месеци заради самото активирање(палење) доаѓа до испуштање на густ чад кој покрај градот Струга ги покрива и околните населби, и истатат чад преку честичките кои тој ги содржи представува потенцијален предизвикувач на голем број на болести, а посебно оние од типот на канцерогените заболувања (рак), кој во ова општина рапидно се зголемува кај сите возрасти.

Редно е веќе општинските власти да се погрижат за овој сериозен проблем, пред истата депонија да стане предизвикувач на уште многу други болести кои можат да ги опфата сите наши деца,  пријатели, роднини и воопшто сите жители на нашиов град. Според податоците кои ги имаме, зголемено е присуството на наши сограѓани заболени од најопасните кацерогени болести. Се надеваме дека општинските власти ќе смогнат сили да изнајдат решение за овој сериозен проблем, а исто така очекуваме и повисоките инстанци во нашава држава да реагираат, па дури одржат посебна владина седница на која би се разговарало за овој наш проблем. Со овој наш протестен марш сакаме само да укажеме дека веќе е крајно време да се каже стоп на загадениот воздух кој денес го дишеме, а укажеме добредојде и надеж за чист воздух, кој и` доликува за овој наш град- порачаа од граѓанската иницијатива ’Доста’.

Насобраните граѓани својот протестен марш го реализираа со движење низ главниот пат на град Струга, па се до главниот магистрален пат пат каде на кружниот тек главната сообраќајница делумно беше прекината за одвивање на сообраќај.

По завршувањето на предвидениот марш, од организаторите на овој протестен марш, беше потенцирано дека ќе продолжат со превземање и на други активности сё додека не се реши овој сериозен проблем за овој туристички град.

IMG_8128 (Copy) IMG_8134 (Copy) IMG_8135 (Copy) IMG_8136 (Copy) IMG_8137 (Copy) IMG_8138 (Copy) IMG_8139 (Copy) IMG_8141 (Copy) IMG_8142 (Copy) IMG_8144 (Copy) IMG_8145 (Copy) IMG_8149 (Copy) IMG_8152 (Copy) IMG_8153 (Copy) IMG_8156 (Copy) IMG_8158 (Copy) IMG_8159 (Copy) IMG_8160 (Copy) IMG_8161 (Copy) IMG_8162 (Copy) IMG_8163 (Copy) IMG_8164 (Copy) IMG_8171 (Copy) IMG_8172 (Copy) IMG_8173 (Copy) IMG_8174 (Copy) IMG_8178 (Copy) IMG_8180 (Copy) IMG_8181 (Copy) IMG_8185 (Copy) IMG_8186 (Copy) IMG_8187 (Copy) IMG_8188 (Copy) IMG_8189 (Copy) IMG_8190 (Copy) IMG_8191 (Copy) IMG_8192 (Copy) IMG_8193 (Copy) IMG_8198 (Copy) IMG_8199 (Copy) IMG_8200 (Copy) IMG_8201 (Copy) IMG_8202 (Copy) IMG_8203 (Copy) IMG_8204 (Copy)

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


one × = 9

%d bloggers like this: