20170607_2_24107864_22935075_Web (Copy)

Рускиот министер Лавров: Кризата меѓу Катар и одделни арапски земји да се реши со дијалог

МОСКВА (AA) – Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, смета дека кризата меѓу Катар и одделни арапски земји треба да се реши со дијалог и со договор, јавува Anadolu Agency (AA).

20170607_2_24107864_22935067_Web (Copy)

Лавров во Москва се состана со шпанскиот колега Алфонсо Дастис, по што зборуваше и за кризата меѓу Катар и одредени арапски земји, и за нивните билатерални односи.

„Внимателно ги следиме случувањата. Сѐ што би можело да ги зголеми тензиите создава грижа. Сметаме дека е важно сите несогласувања да ги решиме на преговарачка маса, рече Лавров.

Рускиот министер се осврна и на тоа што во вчера, на 6. јуни, силите на коалицијата предводена од САД, во близина на Ал-Танф ги погодија приврзаниците на режимот на сирискиот претседател Башар Ал-Асад. Лавров изјави дека САД во нападот ги погодиле силите коишто се борат против тероризмот и дека тоа ги загрижува.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


2 + five =

%d bloggers like this: